„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Изолациите, карантините и ограничувањата што ги донесе пандемијата предизвикаа промени во начинот на социјализирање на луѓето, но и во барањето партнери. Според апликациите за познанства и дружење, денес има сè повеќе луѓе кои имаат „помали очекувања“ и не сакаат строго сериозни врски.



Откако „ја изгубија“ претходната година, многумина кои бараат партнер решија да додадат доза искреност на своите профили за пронаоѓање партнери и да признаат дека сериозните врски не се нивниот интерес, но и дека немаат претерано големи очекувања. Сепак, има и такви кои сметале дека седењето дома е можност за наоѓање долга врска.

Со или без пандемија – излегувањето и забавувањето секогаш ќе има подеми, падови и сиви подрачја. Новото истражување на друштвената платформа „Тиндер“ говори за нов тренд за којшто многумина ќе се согласат дека е позитивен – забавување со пониски очекувања. Според „Тиндер“, корисниците од онаа, последната „генерација Z“ бараат поголема отвореност кон можностите од кога било досега. Не бараат сериозна врска, туку описите сега гласат „ќе видиме каде одат работите“ и „сè е отворено“.

Бројот на оние што повторно се потрага по „недефинирана врска“ е зголемен за скоро 50 отсто.

– По една година ограничувања, нашите членови не сакаат и сами да си ги ограничуваат своите врски, па затоа сме сведоци на растечки тренд на помали очекувања, истакна Лора Вилкинсон-Реј, директорка за комуникации на „Тиндер“ за Велика Британија.

Корисниците го сметаат овој тренд за позитивен и поискрен во споредба со претходниот третман и веруваат дека по една година на ограничувања, тој носи доста слобода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби