Французите ретко велат „Те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Колку и да се вљубени еден во друг, луѓето во Франција многу ретко си кажуваат – „Те сакам“. Канадската писателка Лили Хајз објаснува за „BBC Travel“, за посебните обичаи на народот во Франција – земја во која љубовта не се покажува со зборови, туку со дела.



Авторката на „Те сакам – ниту јас“ (Je T’aime, Me neither), во книгата зборува за тоа како нејзиното поранешно момче (Французин) ја оставил велејќи „Повеќе не те сакам“. Пишувајќи за раскинувањето, таа постави кратко прашање – Како е можно тој да ја остави велејќи дека не ја сака и никогаш порано не ѝ рекол „Те сакам“?

-Французите не велат ’те сакам‘, затоа што немаат зборови за да ги изразат длабоките емоции што ги чувствуваат едни кон други. Постои термин ‘aimer’, што значи ‘ми се допаѓа’ или ’сакам’. Но, Французите го користат овој збор за да кажат дека им се допаѓа одреден спорт, храна или мирис. Тие никогаш не го избираат овој збор кога сакаат да изразат љубов кон партнер, член на семејство или пријател, вели Хајз.

И според француската писателка Мари Хузел, Французите, наместо да зборуваат за своите чувства, претпочитаат да ги покажат на дело. Тие споделуваат љубов преку комплименти, подароци, помош и поддршка.

-Ова не важи само за љубовни врски. На пример, родителите многу ретко ќе му кажат на своето дете дека го сакаат, а ќе го тапкаат секој ден и ќе го нарекуваат со посебни прекари. Љубовта се крие во посебни честитки, прекари, прегратки и бакнежи. Токму во нив има многу поголема љубов – во интимните гестови, отколку во зборовите ’Те сакам‘. Затоа, делата се многу поважни за Французите од зборовите, пишува Хузел.

Писателките велат дека бакнежите и прегратките ги менуваат зборовите „Те сакам“ во скоро секоја врска. Кога не можат да ги бакнат своите најблиски, Французите ги пишуваат или изговараат зборовите „je t’embrasse“ (те гушкам) и на крајот од пораките – зборот „bises“ (бакнежи).

Иако изминатата година мораа да одржуваат физичко растојание поради пандемијата на коронавирус, Французите воведоа поздрави со рацете, лактите и нозете како алтернатива. Сепак, со нормализацијата на епидемиолошката состојба, нормалните поздрави полека се враќаат – сè повеќе Французи повторно се бакнуваат и се гушкаат на улица и се многу среќни што можат повторно да остварат физички контакт едни со други. Бидејќи, во земја каде што „не се зборува љубовта“, сите едвај чекаат можност да ја покажат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби