Зошто е добро да се биде авторитетен родител?

Детскиот психолог, професорката Франсин Зелцер за американски CNBC објаснува зошто е добро да се биде авторитетен родител. Таа притоа истакнува дека има четири вида родителство што може да се применат во различни ситуации – попустливост, авторитет, рамнодушност и авторитарност.



Повикувајќи се и на мислењата на другите истражувачи, таа смета дека авторитетното родителство е на прво место во воспитувањето.

Авторитетен родител е оној кој има големи очекувања од своето дете, но и големи очекувања од себеси.

– Авторитетното родителство го поддржува и најчесто е во согласност со потребите на детето. Таквиот родител им пристапува на децата со отворен и искрен разговор, за да ги научи за она што е вредно и тие да можат да ги разберат нештата, објаснува Зелцер.

Од друга страна, пак, авторитарните родители се, исто така – строги, но не ги покажуваат потребните емоции. Според тоа, авторитетните родители се одликуваат со следново:

– Одговараат на емоционалните потреби на детето и му поставуваат високи стандарди.

– Често разговараат со детето и ги земаат предвид неговите мислења и чувства.

– Му помагаат на детето да размислува и учи.

– Го поддржуваат и ја охрабруваат неговата самостојност и независно одлучување.

– Длабоко влијаат на развојот на детето.

Психологот Зелцер истакнуваа дека истражувањата покажуваат дека овој вид родителство резултира со самоувереност кај детето, кое подоцна, многу веројатно, ќе има и академски успех, подобри социјални вештини и способност за решавање проблеми.

Попустливото родителство резултира со тоа што детето е „победник“, а родителот – „губитник“. Авторитетните родители не бараат слепа послушност, туку преку разговор објаснуваат зошто постојат правила.

– Сепак, не ја поедноставувајте нагласката на казната. Бидете поддржувачи и навистина слушнете го вашето дете. Прашајте го и обидете се да го разберете нивното мислење. Оставете ги да одлучат, за да можат сами да пораснат и да научат, вели Зелцер.

Според неа, родителот треба да се однесува кон своите деца како добар човек, бидејќи тој сака и децата да бидат такви како него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби