Која е совршената разлика во годините меѓу децата?

Кога го имате првото дете, честопати, по некое време, Вашите мисли почнуваат да се вртат кон второ дете… Ако сакате уште едно дете, можеби се прашувате – кога е најдобро време за тоа и дали постои совршена разлика во годините меѓу децата?



Совршената разлика во возраста е мит! Без разлика колку време и грижи родителите ќе посветат на размислување за тоа кога да добијат уште едно дете, навистина нема единствен одговор на тоа. Децата со помала разлика имаат и предности и недостатоци, каков што е и случајот со децата со поголема разлика во годините. Сѐ тоа зависи од семејната динамика, можностите, но и од тоа како родителите ја гледаат својата иднина.

При разлика од 12 до 18 месеци, на пр., браќата и сестрите покажуваат помалку соперништво и си играат заедно, што многу родители го претпочитаат. Причината е што првото дете е сѐ уште мало за да развие посилно чувство за идентитет или љубомора. Некои родители веруваат дека две години или помалку – е најдобрата разлика во возраста меѓу децата, бидејќи целата работа, труд и жртви што се вложуваат во воспитувањето на малите деца „се туркаат“ еднаш. Во такви прилики, еден родител може да избере да остане дома со своите деца додека не почнат со училиште. Исто така, тоа може да значи и заштеда на трошоците.

Недостатоците во оваа разлика во години може да бидат двојно големите потреби на малите деца. Кога родителите имаат две мали деца, тие имаат двојно повеќе пелени и – две деца кои можеби нема да спијат ноќе.

Покрај тоа, ако и двете се бебиња, оптоварувањето на телото на мајката може да биде тешко за поднесување. Нејзиното тело сѐ уште се опоравува од бременоста и второто пораѓање, а и сѐ уште, можеби, го дои првото.

За возрасната разлика од 2 години, многу гинеколози сметаат дека недостаток е соперништвото меѓу детето и бебето, коешто при оваа разлика е најсилно. Од друга страна, разлика прилично добро годи, кога децата ќе пораснат. Тие така, се доволно блиски по возраст за да си играат заедно и да бидат еден со друг, подоцна во животот.

Возрасна разлика од 3 години и повеќе во голема мера ги намалува шансите за соперништво. Дотогаш, постарото дете е веќе уверено во себе, со свој идентитет и сосема самостојно. Покрај тоа, телото на мајката е целосно опоравено од првата бременост и раѓањето. Поголемата разлика во годините им дава на родителите повеќе време за односот „еден на еден“ со секое дете.

Меѓутоа, кога разликата во возраста е толку голема, тие можеби нема да си играат заедно, особено во првите неколку години. Исто така, родителите ќе почнат од почеток со пелени, ноќно хранење, одвикнување од пелени и сѐ тоа. Повторно.

Како одлуката за тоа кога ќе го добиете првото дете, така и одлуката за второ дете, е приватна и лична. Бидете искрени за Вашите чувства и Вашите можности. Разговарајте со партнерот и одвојте малку повеќе време да размислите за тоа, оти убавите и тешките мигови се менуваат наизменично. Ако сте подготвени за друго дете, тоа значи дека е време за второто малечко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби