Прв „унисекс“ кондом

Малезиски гинеколог го осмисли првиот „унисекс“ кондом во светот кој може да го користат и жени и мажи, наречен „Wondaleaf“. Како што вели, тој е многу тенок и издржлив, а изработен е од медицински полиуретан којшто се користи како облога за рани и други повреди.



Пронаоѓачот, д-р Џон Танг Инг Чинг, е гинеколог и основач на „Twin Catalyst” – компанија која произведува медицински материјали. Тој се надева дека „Wondaleaf Unisex Condom“ ќе ги поттикне луѓето да се грижат повеќе за своето сексуално здравје без разлика на полот или сексуалната ориентација.

– Во суштина, тоа е обичен кондом со леплива обвивка. Благодарение на лепливата обвивка, кондомот се закачува за вагината или пенисот, а ја покрива и околната област, заради поголема заштита, објаснува малезискиот лекар.

На својата интернет-страница, Танг напиша дека „лепливиот дел од кондомот ,,Wondaleaf” е само на едната страна од него, но бидејќи може да се преврти, може да го користи кој било пол“. Една кутија содржи два кондома и ќе чини околу три евра. Просечната цена за 10 кондоми во Малезија е меѓу четири и девет евра, но за новиот производ се вели дека е доста тенок, флексибилен, но и силен и водоотпорен.

– Врз основа на бројните клинички испитувања што ги спроведовме, јас сум прилично голем оптимист и верувам дека со текот на времето овој кондом ќе биде значаен придонес за многу други контрацептивни средства кои се користат во спречување од несакана бременост и сексуално преносливи болести, изјави Малезиецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби