Шест тајни за долговечноста на најстарите Јапонци

Во Јапонија неодамна беше спроведено истражување со цел да се утврдат причините за долговечноста кај најстарите Јапонци.

Областа Окинава уште се нарекува „сина зона“ – онаму каде што луѓето живеат долго. Животот до 100 години на овој остров е двојно почест отколку на другото копно на Јапонија.

Првата тајна за тоа е очекувана – здравата исхрана. Д-р Бредли Вилкокс, дел од тимот истражувачи, истакнува дека основата на нивната исхрана е растителното потекло. Како што рече тој, тие јадат и до килограм зеленчук, овошје и мешунки дневно.

Освен тоа, жителите на Окинава го практикуваат она што се нарекува „хара хачи бу“ – јадење додека не се задоволат 80 отсто од гладта. Според д-р Вилкокс, речиси сите имаат позитивен став кон животот и она што тие го нарекуваат „икигаи“ – јапонски поим за чувство за цел.

Тоа значи дека еден 102-годишник, на пример, си ја наоѓа целта во грижата за своите бикови. Некои наоѓаат цел во семејството, или пак, религијата.

Останувањето ментално активни е третата причина за долг живот на Јапонците. Во нивниот речник нема збор за „пензија“, нагласува д-р Вилкокс, потсетувајќи дека тоа позитивно влијае на нивното целокупно здравје.

Дружењето е четвртата причина. Граѓаните од овој дел на Јапонија имаат многудетни семејства и одржуваат силни социјални врски. Дружењето е често, особено со чај. Честото размислување за воспоставените односи со луѓето е петтата причина, додека шестата е изразената духовност. Духовноста се пренесува низ генерации меѓу жителите на Окинава.

Други таканаречени „сини зони“ во светот се градот Нуоро на Сардинија (Италија), грчка Икарија, костарикански Никојај и Лома Линда, Калифорнија, САД. Во сите овие делови на светот, жителите имаат силни семејни врски, исхрана заснована на зеленчук и овошје и здрав и активен живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби