5 основни вида на привлечност кај луѓето

Најчестото мислење е дека привлечноста е исклучиво физички феномен, но всушност, оваа појава има многу повеќе нивоа. Имено, човечката привлечност може да се сведе на пет основни категории: сексуална, романтична, физичка, емоционална и естетска и секоја има своја улога во меѓучовечките односи.



Сексуалната привлечност се манифестира во сексуална желба и страст кон одредена личност. Може да се појави на повеќе нивоа – од желба да се бакне некого до желба за секс. Кога сексуалната привлечност ќе се појави во пријателски однос, тоа може да ги искомплицира работите, особено ако таа привлечност не е взаемна и не се дискутира за неа. Во контекст на романтичната врска, сексуалната привлечност е клучот за повеќето двојки. Сепак, има и такви на кои тоа не им е толку важно.

Постојат и врски кои се засноваат исклучиво на сексуална привлечност, но по правило, не траат многу долго. Сепак, доколку партнерите се договорат каков вид врска сакаат, таа може да биде сексуално исполнета.

Романтичната привлечност се јавува кога луѓето сакаат да запознаат некого интимно во контекст на љубовниот однос. Романтичните врски можат да траат подолго или пократко, а можат да бидат ексклузивни или отворени.

Во платонските врски, романтичната привлечност постои и кај обајцата. Основата на таквата врска е длабокото пријателство, а тоа може да доведе до здрава, долга врска.

Физичката привлечност не треба да се меша со сексуалната привлечност. Физичката привлечност може да се појави во секаков тип на врска, а се однесува на желбата за физички контакт, како допирање или гушкање. Тоа е природен човечки инстинкт без кој нашиот вид не би опстанал и е важен дел од секаков вид врска.

Клучот кај физичката привлечност е секогаш да имате предвид за тоа што сака другата личност и кои се нејзините граници.

Емоционалната привлечност доаѓа од потсвеста и понекогаш прави луѓето да се чувствуваат како „да нашле сродна душа“. Емоционалната привлечност може да се појави во секаков вид односи и е основа за долга врска. Ако се чувствувате емотивно привлечени кон некого, тоа значи дека може да се поврзете длабоко и интимно.

Естетска привлечност… Многумина имаат одреден „тип“ луѓе кој им е само визуелно привлечен. Оваа привлечност што не се темели на физичкиот изглед, се нарекува естетска привлечност. Таа е во голема мера инстинктивна, но се учи преку социјализација.

Иако е важна за поттикнување сексуален и романтичен интерес, само естетската привлечност не е доволна за долга и стабилна врска. Битно е партнерот да биде барем умерено привлечен, но естетската привлечност, општо земено, не е единствената основа за здрава врска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби