Како најлесно да го заспиете своето бебе?

Јапонски и италијански истражувачи предложија метод за заспивање на бебето за само 13 минути. Според ова, родителот ќе го смири детето кое плаче држејќи го в раце и движејќи се, а кога тоа ќе заспие, дури по неколку минути, полека се става во креветчето.



Куми Курода од Научниот институт „Рикен“ во Јапонија, која е еден од авторите на истражувањето, го објаснува тоа. Препораките гласат – детето треба да се држи блиску до телото, шетајќи пет минути низ собата, со стабилно темпо без нагли движења, вели написот во списанието „Current Biology”. Кога малечкото ќе заспие, родителот го држи вo раце и седи мирен уште пет до осум минути, пред да го стави во креветчето.

– Многу родители страдаат затоа што нивното бебе плаче ноќе. Тоа е голем проблем, особено за неискусните родители, што може значително да го подигне нивото на стрес кај родителот и, во ретки случаи, дури и да доведе до злоупотреба на деца, вели Курода.

Таа и нејзините колеги гледале како реагираат децата во четири ситуации: кога нивните мајки ги држеле вo раце при движење, во раце и седечка положба, при лежење во креветче и она кога нежно го нишкаат бебето. Нивното однесување го снимиле камери, а ЕКГ-уреди им го мереле пулсот.

Расплаканите деца се смириле по само 30 секунди носење низ собата, а отчукувањата на срцето им се намалувале. Сите деца престанале да плачат, а половина од нив заспале.

Но, ако мајката веднаш го спушти во креветчето, третина од бебињата се будат во рок од 20 секунди. Веројатноста да се разбудат била многу помала кога мајка им ги држи вo раце уште неколку минути по заспивањето.

Слично смирувачко дејство имало и ставањето на детето во креветче што се лула. Спротивното е ако мајката се обидува да го смири детето седејќи со него во раце или веднаш го спушти во креветчето.

Иако во истражувањето учествувале само мајки, Курода верува дека исто би било и со таткото или трето лице кое се грижи за бебето. Според науката, причина за тоа се посебниот природен однос и еволутивните врски што ги има само кај цицачите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби