Совети за негување кршливи нокти

Убавите и негувани нокти се важен дел од сечиј изглед, особено кај дамите. Но, има многу причини зошто некои жени и мажи имаат слаби и кршливи нокти… Меѓу главните се изложеноста на вода, прекумерна употреба на лакови и отстранувачи на лак, или пак, здравствени проблеми.



За зајакнување на ноктите, се користат многубројни домашни лекови. Еден од најлесните начини е нанесување обичен вазелин секоја вечер пред спиење.

Истиот ги хидрира ноктите и ги прави поцврсти. Истиот ефект може да се постигне и со сок од портокал. Постапката е следна – се цеди портокал и прстите се потопуваат во сокот и се држат така најмалку 10 минути. Тоа се повторува секој ден.

Овој начин на негување на ноктите обезбедува антиоксиданси коишто ќе ја подобрат и цврстината и изгледт, како и побрз раст. На крајот, задолжително се мијат рацете – темелно, со млака вода. Потоа може да нанесете природен хидратантен крем, како маслиново масло, ленено семе или кокосово масло.

Маслиновото масло е едно од најдобрите средства за негување нокти. А, во комбинација со сок од лимон ќе го поддржи растот и ќе ги отстрани дамките.

За домашен лосион, се мешаат три лажици маслиново масло со лажица сок од лимон. Смесата се става во сад и се потопуваат прстите во неа, 10 минути.

И кокосовото масло е делотворно. Заситените масти делуваат како навлажнувач и може да спречат инфекции на ноктите. Добро е само да се загрее мала количина и да се нанесе на ноктите. Потоа нежно се масираат пет минути, заради подобар крвоток и хидратација. Потребно е да се нанесува двапати на ден, за побрз ефект.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби