Четкањето заби кај децата е важно од најрана возраст

Родителите честопати имаат проблеми со миењето на забите на своите деца. И додека некои не сакаат ни да ја погледнат во четката, други без страв и проблеми почнуваат да ги четкаат своите заби - но неправилно, што со тек на времето може да доведе до кариес или расипување на забите.



Според стоматологот Кирби Гудвајн од САД, кој со години работи со деца, постојат начини на коишто родителите можат лесно и брзо да ги научат своите малечки да ги мијат забите правилно. А, првиот негов совет е - почнете да ги четкате забите на децата од најрана возраст.

- Малите деца ја немаат фината моторика потребна за делотворно четкање или чистење со конец. Иако не е еден од најзабавните начини да ги научите децата да ги мијат забите, четкањето со помош на родителот е неопходно уште во почетокот. Почнете да му ги четкате забите на бебето веднаш штом ќе никне првиот заб, секако - со помош на мека четка за заби наменета за доенчиња, објаснува стоматологот.

Може и да му зборувате, објаснувајќи му гласно што правите. Тој разговор секако ќе ја изгради основата за детето да почне самостојно да си ги четка забите подоцна, штом ќе порасне.

Следниот совет на лекарот гласи - покажете им како правилно се мијат забите со свој пример пред нив и, повторно, подробно објаснете што правите и зошто... Сето тоа направете го со оптимизам, позитивно и на забавен начин. Ентузијазмот е клучен зашто тој ги буди мотивите кај едно дете за оралната хигиена.

Штом дете од предучилишна возраст ќе може правилно да држи четка, нека се обиде само да ги мие забите пред огледало. Повеќето деца најдобро учат со обиди. Но, сѐ уште треба надгледување. Огледалото секако ќе му помогне подобро да види што прави. Децата кои воопшто не ги мијат забите како мали, често имаат тешкотии да ја научат техниката кога ќе бидат постари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби