Начинот на кој се користи компјутерот го открива степенот на стрес на работа

Начинот на кој луѓето пишуваат на тастатурата и го користат компјутерското глувче, може да биде подобар показател за стрес отколку мерењата срцев ритам, посочуваат швајцарски истражувачи. Како што велат, нивниот модел може да помогне да се спречи хроничен стрес.



Истражувачите од Швајцарскиот технолошки институт во Цирих (ЕТХЗ), набљудувале 90 учесници во лабораторија како извршуваат канцелариски задачи од реалниот свет, како што се закажување состаноци или снимање и анализа на податоци. Научниците го набљудувале користењето на глувчето и пишувањето на испитаниците, како и отчукувањата на срцето и редовно ги прашувале колку се тие под стрес.

- Тоа кажува повеќе за нашето ниво на стрес отколку отчукувањата на срцето во работната средина, истакна математичарката и една од авторите на научниот труд, Мара Нажлин.

На некои учесници им било дозволено да работат непречено, но половина од групата постојано биле прекинувани со пораки за разговор или повици за состанок. Истражувачите открија дека луѓето под стрес пишуваат и го движат глувчето поинаку од оние кои се опуштени.

- Имено, луѓето под стрес почесто и понепрецизно го движат глувчето, вели Нажлин.

Исто така, откриено е дека луѓето кои се чувствуваат под стрес во канцеларија прават повеќе печатни грешки и се склони да пишуваат нагло и брзо, со многу кратки паузи. Од друга страна, пак, опуштените луѓе прават помалку, но подолги паузи кога пишуваат и работат на своите компјутери.

Врската меѓу стресот и употребата на тастатурата и глувчето може да се објасни со тн. теорија на невромоторна способност.

- Зголеменото ниво на стрес негативно влијае на способноста на нашиот мозок да обработува податоци. Тоа влијае и на нашите моторни способности, објасни психологот Џасмин Кер.

Се истакнува и дека секој трет вработен во Швајцарија страда од стрес на работа.

-Засегнатите често не сфаќаат дека нивните физички и ментални ресурси се намалуваат, додека не е предоцна, се вели во написот.

Научниците сметаат дека треба да им се помогне на работниците брзо да го идентификуваат стресот, меѓу другото, и создавајќи алатки за следење на нивната работа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби