Стрес на работното место - како да ја надминете вознемиреноста?

Од преполни денови со состаноци и рокови, до бесконечна листа од е-пошта и често нереален обем на работа, честопати имаме тенденција да се заробиме себе си во стресен циклус на активности кои се дел од нашата работа.



Работниот стрес остава значителни здравствени последици кои се движат од релативно мали, до потенцијално сериозни, како што се срцеви заболувања и метаболички синдром.

Најчестите манифестации на стресот на работното место се:

  • Раздразливост или анксиозност
  • Депресија
  • Губење на интерес за работа
  • Замор или летаргија
  • Проблеми со концентрација
  • Главоболи и тешкотии со спиењето

Одредени фактори имаат тенденција да одат рака под рака со стресот поврзан со работата. Па така,  се чувствуваме под стрес поради:

  • Ниски плати и неизвесност на работното место
  • Преголемо оптоварување со работни задачи
  • Малку можности за раст и напредување
  • Немање контрола врз одлуките поврзани со работата
  • Конфликтни барања или нејасни очекувања за перформансите
  • Нарушени односи со колегите и претпоставените

И додека стресот на работното место е вообичаен, да се најде работа со низок стрес е тешко, ако не и невозможно. Токму затоа пореален пристап е да се усвојат ефективни стратегии за справување и намалување на оваа состојба.

1.Подобро менаџирање на времето = помалку стрес

Покрај справувањето со конкретни предизвикувачи на стрес, често е корисно да се подобрат вештините за управување со времето - особено ако имате тенденција да се чувствувате преоптоварени или под притисок на работата.

-Поставете реални цели

Работете со колегите и претпоставените за да поставите реални очекувања и рокови. Редовно следете го напредокот и приспособете ги вашите цели по потреба.

-Направете приоритетна листа

Подгответе листа на задачи и рангирајте ги по приоритет. Во текот на денот, скенирајте го вашиот главен список и работете на задачите по приоритетен редослед. Кажете НЕ ако немате време да завршите некоја задача.

-Ценете го своето време

Кога работите на особено важен или тежок проект, времето што го посветувате на него, потрудете се да биде без прекини од други активности. Така ќе бидете поефективни и ефикасни во исполнувањето на задачата, Воедно кога работите на нешто големо и комплексно, разделете го на помали делови и сработувајте го етапно.



2.Избегнувајте конфликти со колегите и претпоставените

Меѓучовечкиот конфликт влијае на физичкото и емоционално здравје. Понекогаш е тешко да се избегне конфликтот меѓу соработниците, но не и невозможно.

Потрудете се да не озборувате, не споделувајте премногу детали за приватниот живот и избегнувајте канцелариски хумор, особено кога е насочен кон исмејување на нечии постапки или личен избор. Кога е можно, обидете се да избегнувате луѓе кои не соработуваат добро со другите. Доколку сепак се најдете во ситуација на конфликт, останете смирени, кажете го својот став и постапете како професионалец.

3.Останете на позитивната страна

Една од водечките причини за стрес поврзан со работата е фокусирањето на негативното и на она што е надвор од наша контрола. Најдобар лек за стресот е да се концентрирате на она што се одвива како што треба и на напредокот што се постигнува. Смеењето ги намалуваат хормоните на стрес и е природен антидепресив кој ослободува здрави хормони. Научете кога треба да го забрзате темпото, а кога да забавите. Воедно правете го она што ве прави да се чувствувате смирени и среќни.

4. Излезете надвор

Природата може да им помогне на луѓето подобро да реагираат на вознемирувачки настани, а студијата предводена од Универзитетот во Единбург покажува дека нивото на стрес кај луѓето е директно поврзано со количината на зелени површини во нивната област. Всушност, истражувачите открија дека за секој 1% зголемување на зелената површина, има соодветен пад на нивото на стрес кај учесниците.

Затоа, следниот пат кога ќе се чувствувате преоптоварени, искористете ја паузата да се прошетате во најблискиот парк. Ако нема многу зелен простор во близина на вашето работно место, потрудите се да прошетате во природа пред започнувањето на работниот ден или по неговото завршување.

5. Направете избор

Некогаш што и да направите, не е доволно бидејќи едноставно сте дел од токсична работна средина. Доколку почувстувате дека сте на работно место каде што имате постојан немир и повеќе губите, отколку што добивате, можеби е време да размислите за нова работа, а понекогаш и за потполно менување на насоката во која што се движи вашата кариера. Дајте си време на себе и анализирајте ги своите приоритети. Што е она што Ви е најважно?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби