Шест помалку очигледни знаци на „прегореност“ на кои треба да обрнете внимание

Сите сме слушнале за прегореност, односно популарно наречениот „burnout“, но не сме навистина свесни за сите фактори кои придонесуваат кон овој сеприсутен предизвик на модерното време. Прегореноста е состојба која може да се појави кога сме изложени на долготраен стрес и притисок, било тоа на работа или во личниот живот. Симптомите кои први ги забележуваме се емотивната и физичката прегореност и губењето на мотивација, но постојат и други, помалку забележителни знаци кои укажуваат дека треба да обрнеме внимание на нашето психичко здравје.



Малку познати причинители се оние кои често остануваат незабележани, а имаат значаен удел на нашите секојдневни животи и последица се различни фактори. Ќе ви укажеме на неколку од нив кои ретко се во фокусот, но можат да бидат знаци на прегореност и затоа треба да обрнете внимание на нив:

Зголемена чувствителност:

Ако лесно станувате нервозни, брзо се лутите и имате намалена толеранција на стрес, тоа може да биде показател на први симптоми на прегореност. Овие емоционални одговори можат да укажат на претерано оптеретување кое не можете ефикасно да го процесирате.

Проблеми со спиењето:

Ако имате потешкотии при заспивањето или пак не можете да останете заспани и се будите среде сон, тогаш тоа може да биде сигнал дека вашиот мозок не е во состојба да се опушти и одмори.

Потреба за изолација:

Кога чувствувате потреба да се повлечете во себе и да избегнувате друштво, тоа може да биде знак дека ви е потребно време за регенерација. Социјалната изолација најчесто е резултат на длабока прегореност.

Перфекционизам:

Aко забележите дека станувате премногу перфекционистички настроени, постојано се трудите да постигнете некој замислен идеал, тогаш тоа може да показател на стрес кој води кон прегореност. Поставувањето на нереално високи стандарди може да доведе до емотивно исцрпување, кое само ќе го зголеми нивото на прекумерна работа и стрес.

Недостаток на хармонија:

Недостатокот на рамнотежа помеѓу професионалните и личните обврски создава чувство на преоптеретеност. Неуспехот во постигнувањето на хармонија помеѓу тие два аспекти на животот може да го зголеми стресот и да доведе до прегореност.



Губење на интерес:

Ако забележите дека губите интерес за работите кои некогаш сте сакале да ги правите, тоа може да биде знак дека сте презафатени или пренатрупани. Прегореноста може да доведе до губење на радост во активностите кои некогаш ви носеле задоволство.

За да можете да ја идентификувате прегореноста, важно е да обрнете внимание и на овие помалку очигледни знаци. Дајте си себеси дозвола да одмарате и практикувајте техники на опуштање како медитации или вежби со дишење. Разговарајте со блиски личности околу вашите чувства и потреби. Не занемарувајте ги знаците на предупредување кои ви ги испраќаат вашиот ум и тело, туку пронајдете време за себе, за да можете малку повеќе да се посветите на себеси и вашите потреби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1193.- Умре арапскиот државник и војсководец...
1461.- Во англиската „Војна на ружите“ Едвард од...
1678.- Роден е италијанскиот композитор и...
1789.- Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД....
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби