Деца и родители: Што по разводот?

Разводот е вообичаено тежок како за родителите, така и за децата. Главната одговорност на дотогашните сопружници, сепак, е да се погрижат малечките што помалку да ја почувствуваат разделбата.

Но, возрасните честопати го прават тоа на погрешен начин - купувајќи играчки, храна, слатки и натпреварувајќи се кој повеќе ќе му угоди и ќе го разгали детето.

Следат неколку совети.

На децата им треба и мама и тато во животот

Без разлика што се веќе разведени, важно е родителите да останат во контакт во случаите кога и двајцата му требаат на детето. И двајцата треба да бидат присутни на родендените, на училиштен настан, во случај на болест или кога се оди на лекар. Соработката во воспитувањето на децата е важна, а не меѓусебниот натпревар, борба и надмудрување, пишува романскиот портал „Андреерааику“.

Ниту едно дете не сака „мама и тато“ да се разведат, но ним секако им требаат и двајцата родители. Тоа не значи дека сопружниците треба да останат во несреќен брак поради децата, а подоцна да им зборуваат колку се жртвувале... Наместо тоа, важно е децата да останат приоритет и за двајцата возрасни по разводот. Затоа, возрасните треба да се потрудат да соработуваат, заради мир, безбедност и сигурност без разлика на семејните околности.

И почитта е важна

Каков и да е односот меѓу поранешните сопружници, тие треба пристојно да разговараат, барем пред децата. На малите им требаат одговорни родители кои ќе може да се контролираат барем за да не се расправаат и критикуваат во присуство на детето.

На децата им требаат родители за и тие да го прифатат разводот

Дури и најмирниот развод е трауматичен настан за сите во семејството. Сепак, на малите им требаат родители кои и натаму сериозно ја преземаат одговорноста за сѐ во нивниот живот. Со други зборови, важни се и разговорите со терапевти, за да може и натаму сите да живеат среќен и исполнет живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби