|
|
|
Мажите губат повеќе калории при водење љубовМажите губат повеќе калории за време на секс отколку жените, вели Леа Милхајзер, сексолог од Здравствениот центар во Стенфорд, Калифорнија, САД.
Според неа, тоа е затоа што мажите се „поактивни“ за време на сексот. Имено, посилниот пол согорува во просек 101 калорија, а жените согоруваат приближно 69 калории. И други стручњаци се согласуваат со тоа.
- Се разбира, постои разлика меѓу пет минути секс и интензивен секс којшто трае со часови. Сексот е различен за секој човек, и секој пат, изјави Емили Морс за „New York Post”.
Д-р Џејсон Карп се надоврза дека, иако има малку податоци за да се покаже како трошењето калории варира според позата на сексот, тој проценува дека, општо земено - тоа е околу три до четири калории во минута.
- Ако, пак, Вашата цел е да ја подобрите издржливоста во креветот, испробајте различни секс пози, додаде сексологот Џејми Бел.
Се забелува и дека, иако сексот согорува калории, тој не мора да биде добра замена за вежбањето.
- И покрај зголеменото дишење, забрзаниот пулс и поголемиот крвен притисок коишто се јавуваат при сексот, како „еден вид вежбање“, тоа ги нема придобивките за согорување калории како трчањето, возењето велосипед и кревањето тегови, заклучи Карп.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Мујо му раскажува па Суљо: "Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1942.- Во месноста Долец, во Болнската Планина...
1981.- Во Милано умре Еуџенио Монтале,...
1986.- Во Скопје умре Драгутин Аврамовски-Гуте,...
1996.- Умре Тома Прошев, македонски композитор....
|
|
|
|
Хороскоп |
|
|
|
|