„Земунците“ посетувале гатачи и бајачи

Гатач кој ги „растурал магиите“ за припадници на „земунскиот клан“ и за командантите на Единицата за специјални операции е извесен Миќа од Барајево, дознава „Курир“.

Всушност, заштитениот сведок Дејан Миленковиќ, на сведочењето изјавил дека некој гатач ја посетувал „Шилерова“, ги растурал магиите за Душан Спасојевиќ, Милорад Улемек - Легија и за Душан Марилиќ - Гумар.

Гатачот Миќа, не само што наминувал во „Шилерова“, туку според тврдењето на соговорникот на „Курир“, кој и самиот одел на сеанси во Барајево, Душан Спасојевиќ и Миле Луковиќ, но и останатите припадници на „земунскиот клан“, во повеќе наврати доаѓале кај овој волшебник.

Миленковиќ на сведочењето во Специјалниот суд, овој гатач го опишал како групен висок маж и навел дека го видел неколку пати. Она што не го споменал за време на сведочењето е дека самиот Багзи неколку пати го посетил тој гатач, а еднаш дури “на преглед“ го однел и своето дете!

- Багзи кај Миќа го водел еден од своите двајца синови, и тоа кога малиот имал осум-девет години. Детето се плашело во сон и таткото го одвел за Миќа да му го „растури стравот“. Тоа го прават речиси сите волшебници и гатачи, а магијата се состои во фрлање олово во вода над главата на детето, појаснува соговорникот на весникот.

- Кај Миќа редовно одев две години и имав можност неколку пати да се сретнам со „земунците“. Во една прилика видов дека го донесоа и Милорад Улемек - Легија. Миќа, инаку, се занимава само со бела магија и е видовит, објаснува соговорникот, кој од разбирливи причини инсистира на анонимност. Тој прераскажа како изгледа една од сеансите кај „докторот“ Миќа.

- Тој прво ќе ве погледне и ќе ви рече да седнете, потоа ги отвора тарот картите и гледа во нив. Целото време на сеансата молчи. Кога ќе заврши со гледањето, доколку утврди дека ви е фрлена црна магија, тој ќе прочита некои молитви и кажува дека магијата ќе биде растурена. Исто така, на секого му дава упатства како да се однесува и што да прави за да може постапката да успее. Што им кажувал на „земунците“, навистина незнам, затоа што е за секој индивидуално. Зависи од проблемот што го имате, посочува соговорникот на „Курир“, дополнувајќи дека Миќа е доста моќен и оти неговите сеанси се навистина успешни.

- Нема нешто што Миќа не може да го реши, кога е во прашање црна магија. Знам за многу случаи, кога луѓето биле на работ на животот заради гатање, а тој им помогнал. Навистина е чудотворец, па затоа и не ме чуди што „земунците“ и Легија доаѓаа кај него, констатира тој.

Соговорникот на „Курир“ додава дека кај Миќа слушнал дека „земунците“ главно доаѓале за да им се растури црна магија, но и да им направи амајлии кои ќе ги чуваат.

- Тој гатач или бајач во „Шилерова“ беше висок, крупен човек. Знам дека растураше магии од поранешниот командант на Единицата за специјални операции Душан Маричиќ Гумар и за водачот на „земунскиот клан“ Душан Спасојевиќ, а јас еднаш го возев и кај првообвинетиот Милорад Улемек - Легија дома, изјави сведокот соработник на Дејан Миланковиќ - Багзи во своето сведочење.

Курир - Белград 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се караат две момченца, па едното почнува со закани:
-Ќе видиш ти! Јас имам голем и силен брат!
-Па што? Него за половина час ќе го среди мојата убава и згодан сестра!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1527.- Во Фиренца умре Николо Макијавели,...
1933.- Во Архангелское, кај Москва, умре Клара...
1936.- По повод организираниот штрајк на...
1963.- САД и Советскиот Сојуз постигнаа спогодба...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби