Првата книга на Букарски достапна бесплатно преку интернет

Писателот Алекс Букарски ја објави својата прва книга, „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“, бесплатно на интернет во дигитална форма (пдф) под лиценца Криејтив комонс.

Со овој чин, овој автор популарен кај урбаната младина сака да ги охрабри сите уметници без разлика на возраст или уметничка дисциплина, да „даруваат“ свои дела под Криејтив комонс, за сајбер-просторот да стане вистинска алтернатива за развој на современата македонска култура.

„Ова е мој колку благороден толку и протестен потег. Благороден затоа што мојот уметнички труд го правам достапен бесплатно за пошироката јавност. Протестен, против неподносливите услови кои ги наметнува издаваштвото во Македонија - од односот спрема младите автори, од огромни фалинки во промоцијата и дистрибуцијата,“ изјави Букарски. Тој со објавувањето на книгата на интернет го покренува и прашањето зошто „угледни издавачки куќи од 21 век“ дистрибуираат книги само во Скопје, занемарувајќи ги останатите градови во земјата, ниту пак овозможуваат купување преку картичка од нивните веб-сајтови.

„Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ го освои првото место на конкурсот за најдобра дебитантска проза „Новите!“, организиран од издавачката куќа Темплум. Хартиената верзија на книгата објавена во декември 2006 г. е сеуште во продажба, иако тиражот на првото издание е при крај.

Системот за заштита на авторски права Криејтив комонс овозможува рамка за објавување на дела на интернет за автори кои сакаат да споделат дигитални верзии. Со користење на лиценците тие јасно ставаат на знаење под кои услови може да се користи дадено дело - на пример, само во некомерцијални цели. Во случаи на прекршување на условите одбрани од авторите, тие имаат право да ги применат сите законски мерки за заштита од пиратерија или плагијати.

Низа светски имиња го Користат криејтив комонс за споделување и промоција на своите дела, од писатели како Кори Доктороу, филмски автори како Вајли Вигинс, до музички ѕвезди како „Перл џем“, „Бисти бојз“ и Дејвид Брн.

Со Националната стратегија за развој на информатичко општество од 2005 беше утврдено дека хроничниот недостаток на содржини на локалните јазици на интернет е еден од главните фактори кои го попречуваат развојот на оваа технологија во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби