СЕ ОЖЕНИ ДУШАН МИЛОСАВЉЕВИЌ ОД ПОП ДУОТО ДУЛЕ И КОКИ

Невестата во венчаница од 7.000 евра

Душан Милосављевиќ (33), едната половина од дуото Дуле и Коки од средата официјално е во брак со Санда Перковска (22), газдарица на познатата скопска фирма за хулахопки "Санда". Дуле и Санда граѓанскиот брак го склопија само во присуство на кумовите Владо и Лидија и старосватицата Мила. Планот по матичното сами да одат на вечера го пореметила мајка и на Санда, која ги повикала во ресторанот "Балканика" да прослават заедно со уште 60 гости. Во "Балканика" ќе биде и свадбената веселба, идната сабота со 200 гости и со шведска маса со мени специјално подготвено од Дуле и како посебен дел од вообичаеното свадбарското мени. Венчавањето е во црквата "Св. Димитрија".

-Не сакавме да правиме големо матично, затоа и сакав да носам обично "Кавали" фустанче, но по желба на родителите на Дуле во Штип кај Еми го сошив фустанот за матичното. За свадбата ќе имам два фустана во боја на шампањ, едниот го купив од познато атеље од Солун, а другиот од Рим од познатата креаторка Паола Д'Онофрио. Чевлите и златото за подарок ги купивме исто така од Истанбул, каде, според мене, има најубав накит, вели Санда, која покрај нејзиното презиме го додаде и презимето на Дуле.

Дуле, кој од Санда добил 14 карати златен саат, на свадбата ќе блесне во костум со боја на костен од Пал Зилери од Рим, кое е правено специјално по негова мерка и е од колекцијата есен-зима, која ќе биде промовирана дури наесен. Двајцата бурми барале од Истанбул до Италија, но на крај со каталогот заминале во златарската уличка во Скопје и по нарачка, со многу ситни дијаманти е направена невестинската бурма. И двајцата не кажуваат колку пари имаат потрошено за подароците и свадбената гардероба. Но, нивни блиски велат дека Санда само за фустанот од Италија дала 7.000 евра.

Дуле и Сандра си дадоа збор минатата година и од тогаш не се свртеа во Скопје. Роденденот на Санда во ноември го прославија во Париз, каде и официјално и беше даден дијамантскиот прстен. Во меѓувреме беа на одмор на Малдивите, а веднаш по свадбата на меден месец заминуваат за Сицилија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој склеротичен старец седел на клупа во парк и плачел кога покрај него поминал некој друг човек и го прашал зошто плаче.
Старецот му рекол : имам 27-годишна жена што ме чека...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
356 г.п.н.е.- Во Пела е роден Александар...
1908.- Младотурците ја презедоа власта во Битола...
1933.- Американскиот авијатичар Вили Пост го...
1944.- Создадена е првата народна власт во...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби