Трајна шминка

Трајна шминка е козметичка техника која користи тетоважи (трајна пигментација на дермисот) како средства за добивање на дизајни кои ја заменуваат шминката, како што се отцртување на очите и други трајни зајакнувања на бојата на кожата на лицето, усните и очните капаци.

Историја

Првата електронска машина за правење на тетоважи е дизајнирана од Самуел О Рејли во Њујорк во 1880 година. Докторот Крувел Берд, за прв пат ја користи оваа машина со цел да ги корегира веѓите на една пациентка. Тетовирачот Џорџ Бурчет, кој е развивач на техниката во 1930-те, раскажува во своите мемоари како во салоните за убавина тетовирале многу жени без нивно знаење нудејќи им го тетовирањето како „третман за тен на кожата...со вбризгување на растителни бои на горниот слој на кожата“.

Пати Павлик во 1979 година започнува да ја користи техниката на тетовирање на лицето со цел да се надополнат несовршеностите, односно трајното шминкање. Пати се смета за предводник на оваа техника. Таа е наречена уште и „Мајка на трајната шминка”.

Моментални резултати

Резултати од трајна шминка се подобрени црти на лицето – тоа се постигнува со обликување на веѓи, очи и усни со употреба на боја.

Оцртување на веѓи - Трајната шминка се нанесува во делот на веѓите за да се истакне природното влакно. Ова придонесува за изглед на исполнетост кај сите оние што имаат изгубено дел од влакната на веѓата.

Креон - Пигментот се нанесува на линијата на очните капаци веднаш до коренот на трепките со што се добива изглед на јасна линија или посуптилна сенка на клепките. Оваа процедура е вистинско решение за оние што се алергични на обичниот креон.

Оцртување на усни - Со нанесување на трајна шминка на вашите усни може да се постигнат два ефекта: подобрување на бојата на усните (со што се истакнува и нијансата) и изглед на полни и сензуални усни. Со оваа процедура може да се прикријат оние несакани линии кои се појавуваат околу усните во подоцните години од животот.

Долготрајни резлутати

Најдобрите можни резлутати можат да траат неколку години или можат да почнат да исчезнуваат по некое време. Времето на траење зависи од секоја индивидуа посебно. Додека пигментот на трајната шминка останува во дермисот, неговиот распон на убавина може да има влијание од неколку можни фактори. Тие можат да бидат од животната средина, процедури или индивидуални фактори. Изложеноста на сонце ја избледува бојата. Количината и пигментот на бојата што се внесува во дермисот може да влијаат на должината на траење на најдобриот изглед на трајната шминка. Тенот на кожата е фактор кој влијае на промената на бојата со тек на времето.

Отстранување

Како што е случајот со тетоважите, и трајната шминка може да биде тешка за остранување. Најчестите техники кои се применуваат се ласерско отрстранување, гребење на кожата (физичка или хемиска ексфолијација), и отстранување со операција.Отстранувањето е многу поболно и макотрпно од самото тетовирање.

Несакани ефекти и компликации

Како и тетоважите, така и трајната шминка може да има компликации, на пример алергии на пигментот, создавање на лузни, грануломи, келоиди, пукање на кожата, лупење, појава на плускавци и локални инфекции.

Во последнава година е зголемен бројот на жените во светот што прават трајна шминка, тврдат сопственичките на козметичките салони. Жените се решаваат за трајна шминка зашто немаат многу време за разубавување и шминкање или бидејќи се алергични на шминка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби