Направете фризура додека спиете

Кога спиеме косата знае да стане многу немирна, наелектризирана и да добие форма која воопшто не ни се допаѓа. Сепак со неколку едноставни идеи, спиењето може да биде одлично за вашата коса. Еве како:

Фризура со локни

Косата разделете ја по средината на главата и попреку, а потоа издвојте најмалку 4 прамени. Колку повеќе прамени толку повеќе локни. Секој прамен исчешлајте го, направете плетенка и врзете ја што пониско. Ако сакате можете да ги испрскате плетенките со лак за коса за да имате поубави локни.

Благо навиткана


Разделете ја косата на средината на главата, и започнете со одвојување на еден прамен кој ќе го намотате околу показалецот и средниот прст. Намотувањето запрете го кога ќе дојдете во ширина на дланката кон коренот. Извлечете ги прстите, направете полжав од праменот и прицврстете го со шнола за главата. Повторете го тоа со следниот прамен и потоа замотајте ја целата глава со марама.

За права коса


Поделете ја косата на 3 еднакви прамени, така што ќе направите и еден на горниот дел од главата. Секој прамен исправете го со чешел. Потоа врвот на секој прамен врзете го со ластик. Од прамените формирајте турбан така што секој одделно да ви биде прилепен за главата и прицврстен со шноли. За подобар ефект косата замотајте ја во пешкир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Се стемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената на долниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1289.- Основана е инквизицијата, суд на...
1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори,...
1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски...
1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби