Борбата со акните често знае да биде долготрајна и болна, а пред сè и скапа, бидејќи некои од препаратите за таа намена чинат и по неколку стотини евра.

Пред да потрошите и денар во локалната парфимерија на работи кои може и да немаат никаков ефект, испробајте ја оваа необична маска со аспирин, која важи за исклучително делотворна за проблематичната кожа.
Напомена: Доколку сте алергични на аспирин или имате премногу осетлива кожа, немојте да ја користите оваа маска.
Што е потребно:
- 7 аспирини
- Вода
- Лажичка мед
Подготовка:
Изгмечете ги 7-те таблети аспирин додека не станат како прав и потоа помешајте и со мала количина на вода за да добиете смеса на густа паста. Во таа смеса додајте една мала лажичка мед и добро измешајте.
Користење:
Добро исчистете го лицето со вообичаеното средство за чистење, а добро би било и да направите лесен пилинг за да ја подготвите кожата за маската. Нанесете ја рамномерно на лицето, избегнувајќи го подрачјето околу очите и устата. Оставете ја да постои 10 до 15 минути, а потоа добро исплакнете се.