Кејт Мидлтон: Пример и предводник на нормалните жени

Кејт Мидлтон се најде на насловните страни на светските магазини поради тоа што и роди син наследник на британската монархија, но она што ја направи уште позначајна за женската популација е нејзината постпородилна фигура која предизвика вистинска лавина од коментари.

Зошто Кејт го шокираше светот со својата појава? Затоа што реши да биде она од што се плашат современите мајки. Таа реши да биде сосема нормална жена, која се породи на природен начин и по породувањето без никаков проблем го покажа своето топчесто стомаче. За разлика од многу славни жени кои по раѓањето на своето дете не излегуваат од дома додека не ја вратат првичната тежина, Кејт се оттргна од наметнатиот идеал за совршенство и наместо подвижна барбика, пред сè реши да биде мајка.

Во време кога акцентот на жените повеќе е ставен на нивниот изглед отколку на нивната личност, многу припаднички на понежниот пол паѓаат во замката и под притисокот секогаш да изгледаат беспрекорно и слабо. Носители на ваквиот тренд се светски познатите актерки, модели и пејачки кои наместо да ја искористат моќта на својата слава и да му се спротивстават на трендот дополнително го промовираат. Викторија Бекам, Жизел, Бијонсе и ред други ѕвезди по своето породување не се појавуваа во јавноста додека не ја вратат првичната телесна тежина и рамното стомаче. За разлика од нив, Мидлтон се појави пред фотографите ден откако се породи и наместо да се крие избра креација која дополнително ја нагласи нејзината половина.

Принцезата која и покрај големиот медиумски интерес секогаш се обидува да изгледа одмерено и скромно и овој пат продолжи во својот препознатлив стил не обрнувајќи внимание на тоа што мислат другите за нејзиниот изглед, а уште помалку за нејзината постпородилна тежина.

Со тоа преку ноќ стана омилен лик на обичната жена, онаа која бременоста и породувањето ги сфаќа како најнормален дел од својот живот. Поборниците на ковчестиот изглед пак веднаш започнаа да поставуваат прашања кога ќе започне да вежба и на кој начин планира да ја врати својата витка фигура.

Сепак, војвотката од Кембриџ за сега останува глува на ваквите прашања и го поминува своето време онака како што би требало да го помине секоја мајка, со својот штотуку роден син, а не на лента за трчање и на ригорозна диета. Со оглед на тоа дека во моментот е најпознатата принцеза на светот нејзиниот став ветува дека оваа принцеза ќе биде пример и предводник на вистинската женственост и достојна замена на Лејди Ди која своевремено ги освои симпатиите на сиот свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби