Сурово е да се биде ангел од Victoria’s Secret!

Креативната директорка на еден од најпознатите брендови за долна облека Victoria’s Secret, Софија Неофиру Апостолоу, неодамна за британскиот Vogue откри низ каква ригорозна селекција мора да поминат ангелите пред големата годишна ревија.

- Сите мора да поминат низ процес на строга „инспекција“, а исклучок не се ни нашите постојани модели. За нив тоа е неизмерно стресно, па дури и застрашувачки. Најпрво одат на избор кај Џон Фајфер, а потоа излегуваат пред цела комисија. Моделите, изложени пред силно светло и облечени во костими за капење, чекорат пред членовите на комисијата напред-назад, објаснува Софија.

Таа вели дека за обичната девојка, тоа би претставувало најлоша ноќна мора и би било слично како, на пример, да испробува долен веш пред 20 луѓе, знаејќи дека сите очи се вперени кон секое делче од нејзиното тело.

Софија, која минатата година преку селекција ја исфрли познатата Кејт Аптон, со образложение дека „изгледа како жена на фудбалер, со премногу руса коса и лице кое може да си го купи било која подобро ситуирана личност“, тврди дека пред оваа аудиција на многу девојки од страв им играат колената.


Кејт Аптон

Подготвеноста која девојките мора да ја покажат, таа ја споредува со онаа која се препишува на олимписките спортисти, а не се однесува само на тоа девојките да бидат слаби, туку и да бидат во топ форма за одличен перформанс на пистата.

Во врска со тоа, манекенката Линзи Елингсон вели дека веќе напорно се подготвува за божикната ревија најавена за 10-ти декември. Меѓутоа, за разлика од многумина кои се трудат да симнат по некој килограм со цел да го доведат своето тело до совршенство, Елингсон во својата исхрана вклучила намирници кои ќе и’ помогнат да ги зголеми облините.


Линзи Елингсон

- Сметам дека жените со убаво дефинирани облини се многу поженствени и посекси од оние слабите, истакнува таа.

За разлика од неа, српската снаа Адријана Лима месеци наназад се подложува на ригорозни тренинзи. Таа секојдневно вежба со личен тренер, а неколку седмици пред шоуто, програмата ја засилува и со по два тренинга на ден. Што се однесува на исхраната, истата се сведува на протеински шејк на база на јајца во прав и по три и пол литри вода секој ден.


Адриана Лима



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Малиот Трпе го прашува деда си.
- Дедо, сакаш студентка да имаш за жена?
- Е, а кој не би сакал.
- Е па запиши ја баба на факултет!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1610.- Францускиот крал Анри Четврти, првиот...
1771.- Роден е велшкиот филантроп Роберт Овен,...
1796.- Англискиот лекар Едвард Џенер успешно...
1811.- Република Парагвај доби независност. Беше...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби