5 совети за побрз раст на косата

Доколку сакате да имате долга, здрава и сјајна коса, мора да се придржувате до одредени правила кои ќе придонесат истата да расте здраво и правилно, со зголемување на должината од 1,5 сантиметри на месец. За оваа цел потребно е да се држите понастрана од агресивните препарати за третирање на косата, но и да промените одредени животни навики.



Масажа на темето

Масирањето на темето ја подобрува циркулацијата на крвта со која се ослободува доток на хранливи материи до коренот на косата. Две техники на масажа се најефикасни, а самите можете да ги правите барем по два пати неделно. Првата е едноставно провлекување на прстите низ косата од темето кон врвовите, со нежно затегнување. Стимулирањето на растот на косата може да го поттикнете и со тапкање со прстите по темето. Врвовите на прстите натопете ги во етерично масло и нежно тапкајте со брз ритам.

Избегнувајте ја жешката вода при миење

Косата е заштитена со слој природно масло, наречено себум, кое од топлата вода се суши и со тоа косата станува почувствителна на надворешните фактори. Се препорачува миењето на косата да го започнувате со млака вода, а да го завршувате со ладна.

Употребата на пегла и фигаро сведете ја на минимум

Користењето на разните уреди за исправување или виткање на косата го истенчува и го крши влакното, особено кога е изложено на високи температури. Третирањето на косата со врели површини не се пепорачува почесто од еднаш неделно, а кога тоа го правите, времето на изложување на грејачот сведете го на десетина секунди по прамен, но претходно задолжително нанесете хранливо масло за нега на косата кое ќе ја заштити од оштетување.

За да ја поттикнете косата на раст, нејзе и’ е потребен одмор, па затоа колку што можете повеќе држете ја настрана од сите препарати и сушете ја на природен начин, без користење на фен. На овој начин ќе го поттикнете природното производство на заштитен слој на косата.

Редовно потстрижување

Кога ја пуштате косата да расте, неопходно е редовно да ги отстранувате испуканите врвови. Имено, за побрз раст на косата се препорачува врвовите да се скратуваат на секои шест до осум седмици. На овој начин врвовите на влакната ќе бидат ослободени од застој во протокот на хранливите материи, со што ќе се поттикне растот на косата. Идеално е меката коса да се пострижува на секои шест седмици, а густата и цврста на секои осум.

Здрава исхрана

Протеинот кератин е основна состојка на влакното, а за да го храните и со тоа да го поттикнете растот на косата, на телото му е потребна здрава исхрана, богата со зеленчук со зелена боја, јаглехидрати и протеини. Дополнителниот внес на витамините Е и Х (биотин) е нужен за правилно хранење на косата. Биотинот се наоѓа во жолчката, рибата, јаткастите плодови и житарките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби