За да имате мазни и сјајни нозе за време на летните денови кога истите се речиси постојано разголени, ви претставуваме три брзи рецепти кои ќе ви помогнат по природен пат да го забавите растот на влакната после депилација.

Куркума и сол
Индијките ги одржуваат своите нозе свилени и мазни со помош на познатиот зачин куркума и морската сол. Од овие две состојки направете паста, добро втријте ја на пределот на нозете и оставете ја да отстои 15-тина минути, па измијте се со топла вода. Иако оваа метода на забавување на растот на влакната не е научно докажана, праксата покажува дека овие зачини навистина функционираат.
Шеќерна паста
Отстранете ги влакната со помош на шеќерна паста која можете да ја направите во сопствениот дом. Исцедете половина лимон, помешајте го со една четвртина шолја мед и една шолја шеќер, па течноста загрејте ја во микробрановата печка додека шеќерот не се растопи. Оставете ја смесата малку да се подолади, па нанесете тенок слој на ногата. Врз тоа ставете памучен материјал, држете го на ногата 30-тина секунди, па повлечете ја ткаенината во спротивниот правец он оној во кој растат влакната. Овој ефтин начин на природна депилација ќе ги отстрани влакната од корен, па така со тек на време ќе ја намалите густината на влакната по вашето тело.
Со камен против влакна
Сигурно користите камен наменет за нега на стопалата, но дали знаете дека истото ова парче со дупчиња може да ви помогне да го забавите растот на влакната на нозете? Тајната е во триењето! Држете го на дофат во купатилото и со него секојдневно тријте ја кожата на нозете. За да избегнете повреди и иритација на кожата, истата намачкајте ја претходно со гел за туширање.