Зошто убавите девојки на крајот остануваат сами?

Проклетството на убавината лежи во стереотипите кои владеат меѓу луѓето

Кога ќе запознаете убава и паметна девојка, просто неверојатно звучи кога ќе ви каже дека не е во врска. Но, за жал тоа е сè почест случај на припадничките на понежниот пол, чиј изглед одзема здив. Причините за тоа се разни стереотипи кои им се препишуваат на овие убавици.



Иако релано убавината не е никакво мерило, во последно време според физичкиот изглед се одредува дали девојката е во врска или не. Доколку е убава, тогаш преовладува верувањето дека таа мора да е зафатена. Доколку, пак, нема момче, тогаш веднаш се помислува дека нешто не е во ред со неа.

Стереотипите кои им се препишуваат на убавиците се дека тие најчесто не се баш паметни. Доколку не е зафатена, значи дека не можела да го задржи партнерот, или пак дека има некакво бурно минато. Исто така, секогаш се вели дека „најдобрите секогаш се зафатени“, а што е со останатите девојки?

Речиси никогаш нема да слушнете некој дека зборува за некоја девојка која не е во врска, дека сигурно сè уште не го нашла вистинскиот. Девојките, за „Elite Daily“, ги откриваат причините зошто сè уште се сами:



Не веруваат дека мажите имаат добри намери

Многу е тешко да се пронајде маж кој не поминал макар низ едно болно раскинување. Тоа најчесто е и причината зошто поголемиот дел од нив тешко се врзуваат за новите девојки. Токму тоа е причината зошто девојките не сакаат да бидат во врска.

Тие попрво би останале сами, отколку да ризикуваат да бидат искористени, или да бидат само еден мал дел во целата низа на повредени девојки.

Мажите се плашат да им пријдат

Кога ќе видите згоден и успешен маж, сигурно веднаш си помислувате дека тој се забавува со некоја манекенка, или со било која девојка, односно дека во секој случај е зафатен. Истата работа е и со жените.

Кога мажот ќе запознае некоја девојка, која нема само празна убавина, туку го соборува од земја и со својата интелигенција, тој не се осудува да направи чекор понатаму. Причина? – Таа мора да е зафатена.



Несигурни се

Жената не е жена доколку не си пронајде илјада мани на својот изглед. Кога ќе здогледаме некоја убавица, која природата и тоа како ја наградила, сигурни сме дека таа си го обожува својот одраз во огледалото. Но, тука несомнено грешиме.

И убавиците се несигурни како и секоја друга жена, а најмногу оние кои немаат партнер. Причината за тоа се наоѓа во прашањето зошто се сами, кое секојдневно го слушаат од родителите, пријателите, колегите, фамилијата... Ова и тоа како влијае врз самодовербата.

Стереотипи

Кога убава, но не толку паметна девојка ќе проговори, најчесто ни се менува нашиот прв впечаток за неа. Иако постојат многу девојки кои зборуваат со „бебешки“ глас, или просто обожуваат да ве упатат во деталите за нивното омилено реално шоу, сепак не можеме да ги генерализираме.



Постојат многу девојки кои се успешни на своето деловно поле, а притоа се природно надарено со несекојдневна убавина. За таквите, за жал, владее стереотип на ниска интелигенција, кој најчесто им отежнува да бидат прифатени во социјалните кругови.

Не се задоволуваат со било што

Факт е дека жените на одредена возраст, заради страв дека ќе останат сами, се подготвени да прифатат разни компромиси. Тие најчесто прават голема грешка, само за да си го „средат“ животот по секоја цена.

Иако се очекува дека убавите девојки се први на списокот за мажење, во многу случаи тие остануваат сами до доцните 30-ти години. Најхрабрите од нив се предводени од пермисата дека е подобро да останат сами, отколку да се задоволат со било што.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби