6 придобивки од редовното вежбање

Истиот момент кога почнувате да вежбате, веќе започнуваат и придобивките од вашата физичка активност.
Отчукувањата на срцето се забрзуваат и крвта се испорачува до мускулите. Телото започнува да согорува калории како гориво и веднаш се подобрува расположението.

Само 30 минути кардио вежби 3 до 5 дена во неделата може да го продолжат животот и до 6 години, а доколку на тоа додадете и вежби со отпор и тежини не само што ќе живеете подолго, туку и ќе изгледате помладо, ќе се чувствувате посреќно и ќе имате повеќе енергија.

1) За време на тренингот



Белите дробови стануваат посилни, мозокот испраќа сигнали до нив да ви помогнат да дишете побрзо и подлабоко, испорачувајќи дополнителен кислород во мускулите. Благодарение на напливот од ендорфини, се чувствувате мотивирано и енергично.

2) Еден час по тренингот

Вежбањето го зголемува нивото на имуноглобулини, протеини кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и ги одбиваат инфекциите.

Хемикалиите кои го подобруваат расположението (серотонин, допамин и норепинефрин) го преплавуваат мозокот неколку часа, а калориите се согоруваат и за време на одмарањето.

3) Еден ден по тренингот

Мускулите почнуваат да ги обновуваат микроскопските оштетувања предизвикани од кревањето тегови, крвниот притисок е намален и до 16 часа по веќбањето, а поради зголемениот проток на крв и кислород во мозокот, повеќе сме фокусирани.

4) По една недела редовно вежбање

Се намалува ризикот од дијабетес, бидејќи колку повеќе вежбаме толку подобра е чувствителноста на инсулин.

Издржливоста се зголемува за околу 5%, па така на следните тренинзи може да се вежба подолго и со поголеми тежини од претходно.

5) По еден месец регуларно вежбање



Станувате посилни, почнуваат да се топат маснотиите во стомакот, а мозокот функционира подобро бидејќи вежбањето активира протеини кои стимулираат раст и кои помагаат за формирање на нови клетки во мозокот

6) По една година редовно вежбање

Издржливоста и кондицијата може да е зголемена и до 25%, телото е станато исклучително ефикасно во согорување на масти и користење на истите како гориво, па затоа 24/7 топите калории.

Благодарение на редовното вежбање, срцето пумпа поефикасно, ризикот од канцер е намален (и до 55% за ракот на дојки, бели дробови и јајници). Животот е продолжен за неколку години поради тоа што фитнесот ги подобрува теломерите што може да го забави процесот на стареење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби