6 можни причини за лажно позитивен тест за бременост

Домашните тестови за бременост ја кажуваат веста за приновата, со тоа што го откриваат нивото на бета-хЦГ хормонот (хормон за бременост), којшто се ослободува од плацентата веднаш по зачнувањето. И, додека некои тестови за бременост го откриваат хЦГ многу рано во бременоста и може да бидат доста точни, понекогаш може да бидат и лажно позитивни.



Како што објаснуваат гинеколозите, за лажно позитивни тестови може да има повеќе различни причини, пренесува „Healthline”.

1.Биохемиска бременост

Лажно позитивен тест за бременост понекогаш е предизвикан од тн. хемиска бременост. Таа појава настанува кога оплодената јајце-клетка, т.е. ембрионот, не успева да имплантира или расте многу рано. Ова може да се случи поради многу причини, од кои повеќето се непознати.

2.Вонматерична бременост

Оплодената јајце-клетка понекогаш може да се смести надвор од матката, предизвикувајќи тн. вонматерична бременост. Тоа е сериозна и често многу опасна состојба за жената, којашто треба веднаш да се лекува. Имено, лекарите предупредуваат дека оваа состојба може да доведе до значителна загуба на крв, но и до губење на органите за оплодување.

3.Неодамнешен спонтан абортус или прекин на бременоста

Лажно позитивен тест може да се појави и по прекин на бременоста, или поради спонтан абортус. Имено, нивото на хЦГ продолжува да расте, достигнувајќи го својот врв и по зачнувањето. Со оглед на тоа, хормонот може да остане во крвта и урината до шест седмици по завршувањето на бременоста.

4.Тест со истечен рок

Во случај рокот на траење на тестот за бременост да е истечен, многу е можно да покаже погрешни резултати. Имено, гинеколозите предупредуваат дека пред употреба на тестот, мора да се провери рокот за употреба запишан на пакувањето.

5.Лекови

Земањето одредени лекарства, исто така, понекогаш може да предизвика лажно позитивен тест за бременост. Тоа, велат гинеколозите, се однесува само на лековите за плодност кои содржат хЦГ, коишто се вбризгуваат со инјекција.

6.Одредени здравствени состојби

Во некои случаи и некои медицински состојби може да предизвикаат поголемо ниво на хЦГ, дури и кога жената не е бремена. Тоа може да бидат цисти на јајниците, бубрежни заболувања, одредени видови рак - нарушувања коишто значително влијаат на нивото на хормоните, особено кај жени во менопауза или перименопауза, како и тумори што ја засегаат плацентата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби