Овие намирници што ја засилуваат неправилната работа на тироидната жлезда

Проблемите со тироидната жлезда се една од најчестите несакани здравствени состојби во светот. Неправилното функционирање на штитната жлезда може значително да го намали квалитетот на живот, па затоа би било добро да се следи исхраната препорачана од стручњаците.



Познато е дека неправилната работа на тироидната жлезда може да го отежне слабеењето, но има и други несакани последици, како што се проблеми со варењето, постојан замор итн. Автоимуните болести најчесто предизвикуваат маана на тироидната жлезда. Ова би значело дека имунолошкиот систем произведува антитела коишто влијаат штетно на жлездата. Најпознатите две состојби се Хашимото тироидитис (се отсликува со неактивност на жлездата) и Гравесовата болест (проследена со прекумерна активност на штитната жлезда). Исто така, важно е да се истакне дека оваа состојба почесто се јавува кај жените, особено по породување или во менопаузата.

1.Глутен

Многумина денес се одлучуваат за исхрана без глутен, бидејќи таа е силен поттикнувач на автоимуни болести. Предизвикува низа воспаленија во телото, а кај некои луѓе може да предизвика и имунолошкиот систем да произведува антитела што ги напаѓаат одредени органи или ткива во телото.

Глутенот го има во јачменот, ’ржта, пченицата и слична храна, и е составен дел од многу секојдневни намирници. Со прекинот на консумација на храна којашто содржи глутен, функција на тироидната жлезда треба да се подобри, сметаат лекарите.

2.Млечни производи

Ако телото е интолерантно на млеко и млечни производи, тоа значи дека тие хранливи материи нема добро да се разградат. Во овој случај, може да поттикне раст на штетни микроби во системот за варење, како што се штетни бактерии и габи.

3.Шеќер

Познато е дека шеќерот е штетен за работата на тироидната жлезда. Тој поттикнува воспаленија во човековото тело, цревни инфекции, но ги влошува и автоимуните болести. Ако цревната обвивка е обрасната со штетни микроби, тие ќе предизвикаат воспаление.

4.Големи количини сирова зелка

Зелка, брокула, карфиол, кељ и бриселско зелје не треба да се јадат во преголеми количини, како што советуваат стручњаците – особено не сирови. Овие зеленчуци содржат супстанции што поттикнуваат гушавости и може да спречат штитната жлезда да апсорбира јод.

5.Соја

Голем дел од култивираната соја е генетски модифицирана, па затоа треба да е што помалку присутна во исхраната. Покрај тоа, сојата потешко се вари, а протеините што ги содржи всушност не можат целосно да се апсорбираат. Нејзините состојки предизвикуваат иритација на цревната слузница и ја забавуваат апсорпцијата на јод.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се запишале Трпе, Мали Џокица и Џемо во прво одделение. После првиот час, земале да си ги мерат пенисите.
Знаете кој имал најголем?
Џемо, зашто имал 18 години!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден за заштита на животните
- Светски ден на населбите
1669.- Во Амстердам умре Харменсон ван Рајн...
1787.- Роден е францускиот политичар и историчар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби