Фрајбург воведе исхрана без производи од животинско потекло во градинките

Децата во градинките и основните училишта во Фрајбург, Германија, од вчера веќе не може да се хранат со шпагети болоњезе, стек и колбаси. Наместо тоа, отсега ќе се нуди исхрана без производи од животинско потекло.



Одлуката за забрана на месо во градинките и училиштата ја донесе Советот на Фрајбург во октомври минатата година. Мнозинството политичари од Зелената левица гласаа за забрана на месото бидејќи, како што велат - исхраната без месо е поздрава. Според тамошните медиуми, одлуката предизвика бројни критики од родителите кои се прашуваат колку е добра храната без месо за растот и развојот на децата.

Дали е безбедно да се одгледува дете како веган или вегетаријанец?

Според стручњаците, важно е родителите да препознаат дека децата имаат различни нутритивни потреби од возрасните. Децата вегетаријанци и вегани понекогаш имаат пониски нивоа на витамин Б12 (којшто ги одржува здрави крвта и нервните клетки на една личност), калциум (ги одржува коските силни), витамин Д (му помага на телото да апсорбира калциум), железо (корисен за хемоглобинот и миоглобинот) и цинк (го поддржува имунолошкиот систем на телото и има улога при создавањето протеини и ДНК).

Сепак, ниту една од овие хранливи материи не е специфична за месото. Витаминот Б12 може да се најде во јајцата, млечните производи и производите збогатени со витамин Б12, како што се млекото од соја или хранливиот квасец. Калциумот и железото го има во гравот, витаминот Д - во јајцата и храната збогатена со витамин Д (вклучувајќи житарки, сок од портокал и млеко од соја), а цинкот се наоѓа во мешункастите и јаткастите плодови.

Педијатарот Јен Трахтенберг смета дека вистинската вегетаријанска и веганска исхрана може да ги задоволи сите потреби на детето, но под еден услов: Треба да биде добро осмислена и надгледувана од педијатар и регистриран диететичар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби