Здравата исхрана е делотворен начин за одржување здраво срце

Постојат повеќе начини за одржување на здравјето на срцето, како што се физичката активност и управувањето со стресот. Според кардиологот Елизабет Клодас од Американскиот колеџ за кардиологија во Вашингтон, храната игра интегрална улога во многу фактори на опасност од срцеви заболувања, така што здравата исхрана е делотворен начин за одржување здраво срце и спречување на срцеви заболувања.


Во таа смисла, први на оваа листа се омега-3 масните киселини. Некои од најдобрите примери на храна со оваа состојка се ориз, црвена леќа, спанаќ, темносин грав, тиква, семе од чија, ореви, див лосос, сардина, риба харинга итн.

- Омега-3 масните киселини се антиинфламаторни, помагаат малку да се разреди крвта, со што се спречува згрутчување, во намалување на крвниот притисок и зголемување на добриот холестерол додека се намалуваат триглицеридите, објаснува д-р Клодас.

Натаму, важно е и справувањето со хроничното воспаление. Оваа појава е поврзана со бројни здравствени проблеми, а истражувањата покажуваат дека неговото намалување може да помогне во спречување срцеви заболувања и мозочен удар. Додавањето храна полна со антиоксиданси во исхраната е полезно оружје против хроничните воспаленија.

- Антиоксидансите се корисни против слободните радикали во нашето тело, помагаат во забавување на стареењето, го намалуваат воспалението и придонесуваат да се неутрализираат сите циркулирачки штетни материи. Некои примери на најдобрата храна богата со антиоксиданси се доматите, портокалите, дивите боровинки, темното чоколадо и зелениот чај, вели докторката.

Влакната во зрнестите намирници се клучен аспект на здравата, добро обмислена исхрана, но многумина не добиваат доволно од нив. Влакната помагаат за подолга ситост по оброкот и помагаат во одржувањето здрава тежина.

- Влакната го поддржуваат здравиот цревен микробиом и го одржуваат нивото на холестерол ниско со тоа што спречуваат тој да се апсорбира во дигестивниот тракт, додава Клодас.

Жените треба да се стремат кон 25 грама влакна дневно, а мажите - околу 38 грама, според Академијата за исхрана и диететика во САД. Во таа смисла се препорачуваат цели овошја и зеленчук, пред сѐ. Но, некои од најпрепорачливите намирници богати со растителни влакна, се и грашок, зеље, семки од калинка, ленено семе, суви смокви, конзервирана тиква, банани, артичока, овес, булгур и јачмен.

Натаму, растителните стероли како лиснатото зеленило се природни растителни компоненти коишто го спречуваат холестеролот да се впие во дигестивен систем, објаснува д-р Клодас. Според Клиниката на Кливленд, јадењето растителна храна со фитостероли е безбеден, полезен и делотворен начин на намалување на холестеролот и спречување здравствени проблеми како што се мозочен и срцев удар. Покрај тоа, тие може да помогнат во намалување на оопасноста од дијабетес, рак и дебелина.

Целите житарки, јаткастите плодови, зеленчукот, овошјето, млекото и сирењето збогатени со фитостероли се одлични извори на оваа благотворна состојка. Фитостероли може да се внесат и во облик на додатоци во исхраната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби