Колку чекори се потребни за да го подобрите вашето кардиоваскуларно здравје?

Бројот на дневни чекори опфатени со одењето е важен, но исто така е важно и вашето темпо, открива едно ново истражување.

Во извештајот објавен од „Журналот на Американскиот колеџ за кардиологија” се вели дека побрзото одење значително влијае на придобивките поврзани со него, без оглед на тоа колку чекори правите секој ден.



Во студијата спроведена од истражувачите од Холандија, Шпанија и Соединетите Држави, се појавија нови сознанија за важноста на дневниот број на чекори за кардиоваскуларното здравје и долговечноста.

Студијата, која ги анализирала податоците од 12 студии во кои биле вклучени над 111.000 учесници, открива значајни податоци кои би можеле да го револуционизираат начинот на кој пристапуваме кон физичката активност.

1. 2.500 чекори може да го намалат ризикот од смрт (намалување од 8%)

За оние кои имаат за цел да го подобрат своето здравје, правењето на 2.500 чекори дневно е клучна пресвртница. Утврдено е дека ова скромно зголемување од минималниот број од 2.000 чекори доведува до намалување на ризикот од смрт за 8 проценти.

2. 2.700 чекори се пресвртна точка за кардиоваскуларното здравје (намалување од 11%)

Кога станува збор за заштита од фатални и нефатални кардиоваскуларни проблеми како што се срцев удар и мозочен удар, магичната бројка се чини дека е 2.700 чекори. Постигнувањето на оваа цел резултира со намалување на ризикот од такви состојби за 11 отсто во споредба со одржувањето на основните 2.000 дневни чекори.

3. Оптимално кардиоваскуларно здравје со 7.000 чекори (51% намалување)

За оние кои се посветени на намалување на ризикот од фатални и нефатални кардиоваскуларни болести, оптималниот дневен број на чекори е приближно 7.000. Ова ниво на активност е поврзано со импресивно намалување од 51 процент на ризикот.

4. 9.000 дневни чекори за продолжен животен век (60 % намалување на ризикот од смрт)

За оние кои бараат не само кардиоваскуларно здравје, туку и долговечност, студијата предлага да се стремите кон приближно 9.000 дневни чекори. Постигнувањето на овој број на чекори е поврзано со извонредно намалување од 60 проценти на ризикот од смрт од која било причина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби