Народни лекови: Лекување на женски болести

Жените се соочуваат со разни болести кои се поврзани исклучиво со нивниот пол. Во продолжение ви претставуваме ефикасни народни лекови за најчестите женски здравствени проблеми.

НЕПЛОДНОСТ

На жените кои сакаат да забременат им се препорачуваат овие билни рецепти:

Вероника

Едно лажиче од билката се става во жешка вода, се остава да отстои 5 минути, се цеди и се пие дневно по 3 филџани топол чај.

Горчица

Чајот од горчица, во народот уште позната како мачкина трева, одамна е познат во случаи на неплодност. Една лажица од растението се става во литар зовриена вода, се покрива и се пие преку цел ден наместо вода. Терапијата трае 40 дена и не смее да се прекинува, а се почнува веднаш по менструацијата.

Сок од имела

Наутро на празен желудник се земаат 30 до 35 капки сок од имела. Истата количина се зема и навечер пред спиење. Овој сок може да се купи во аптеките, но поделотворен е свежо исцеден.

ВОСПАЛЕНИЕ НА ЈАЈНИЦИТЕ

Кај воспаление на јајниците треба да се користат следните билки:

Росник - многу е делотворна и кај воспаление на матката, особено ако има крварење. Дневно се пие 3-5 филџани чај, толку долго додека трае болеста .

Ајдучка трева - пијте 3 до 5 филџани топол чај, а ќе ви помогнат и купките од истата билка. Можат да се подготват од сува или свежа ајдучка трева: во купката останете 20 минути и без бришење легнете в кревет, добро треба да се покриете за да се испотите и така треба да останете еден час. Купките се подготвуваат три пати неделно и истовремено се пие чај.


Ајдучка трева

ЦИСТИ НА ЈАЈНИЦИТЕ

За природно лечење можете да користите облоги од коњско опавче, чај од коњско опавче и чајна мешавина: 100 гр. коприви, 300 гр. невен и 100 гр. ајдучка трева. На литар топла вода се ставаат две полни лажици од мешавината, се остава 3 минути, се цеди и се пие топло. Дневно треба да се испие до 2 литри чај, додавајќи три пати по една лажица шведска горчица.

БЕЛО ПРАЊЕ

По зараза со бактерии или габички се јавува исцедок од родницата што се третира со чај од ајдучка трева, со седење во купки во траење од 20 минути и со чај од росник (3 до 5 лажички дневно).

Може да се миете и со раствор од ореви - листовите од орев се ставаат во студена вода и се остава така 12 часа, потоа добро се загрева и со тој раствор се миете.

Ако е утврден причинителот на исцедокот, делотворни се и следните купки од невен: во 5 литри студена вода ставете 100 гр. невен и оставете така да отстои 12 часа. Потоа растворот стоплете го и ставете го во поголема количина вода. Капењето треба да трае 20 минути, по што без бришење треба да легнете во кревет. Се прават три купки неделно, толку долго додека белото прање не исчезне. Покрај ова, секојдневно треба да пиете 3 до 4 филџани чај од росник.

ХОРМОНАЛНИ ПРОБЛЕМИ

При хормонални проблеми, жените треба да консумираат ваков чај:

- 3 полни лажички имела се ставаат во студена вода и се оставаат 12 часа, а потоа течноста се загрева, се цеди и се става во термос. Наутро и навечер се пие по еден филџан од чајот, а во текот на денот и трет. Наутро во чајот ставете едно лажиче шведска горчица.

ВОСПАЛЕНИЕ НА МОЧНИОТ МЕУР

Воспалението на меурот битно е да се лекува од самиот почеток, бидејќи може да премине во хронична форма на болеста. Во лекувањето ќе ви помогне:

Свила (коса) од пченка

На еден филџан вода ставете полна лажичка свила од пченка и оставете да отстои 3 минути, покриено. Исцедете ја течноста и истурете ја во термос, па на секои два часа пијте по една голтка од чајот.

Мртва коприва

Секој ден правете ја следната купка од свежа или сува мртва коприва: 100 гр. бела или жолта мртва коприва се става во 5 литри студена вода, се остава 12 часа, се загрева и се става во леген (сад во кој може да се седне). Купката треба да трае 20 минути, потоа без бришење треба да легнете во кревет, добро да се покриете и така да останете еден час.

РАК НА ДОЈКА

Покрај задолжителната лекарска контрола, направете го и следново:

Маст од невен

Се мачкаат деловите каде се наоѓаат јазлите по неколку пати на ден. Најдобро е да се намачка целата дојка и над тоа да се стави облог од шведска горчица. Остатаокот од маста од невен се става на крпа, а потоа на градите како облога во текот на цело деноноќие.

Мешавина од чај

Се мешаат коприви, 300 гр. невен и 100 гр. ајдучка трева. На еден литар вода се ставаат 4 лажици од мешавината и се остава 5 минути. Се цеди и става во термос. Во текот на денот се пие во голтки до 2 литри од овој чај. Наутро и навечер во чајот се става по едно лажиче шведска горчица.


Невен

РАК НА МАТКАТА И НА ЈАЈНИЦИТЕ

Се препорачува:

Облоги од коњско опавче - со маст од невен се мачкаат заболените места, а потоа се става облога од суво или свежо коњско опавче. Свежата билка треба добро да се истолчи за да пушти сок, а потоа се става во ленена крпа, а потоа како облога. Сувата билка треба да се затопли и да се навлажни на пареа, па се става во ленена крпа. Се додава лажица-две шведска горчица.

Седечки купки од ајдучка трева - се прават три пати неделно. Паралелно се пие чај од ајдучка трева, 3 до 5 филџани дневно, а се стават и облоги од коњско опавче.

Чајна мешавина - се мешаат 300 гр. невен и 300 гр. ајдучка трева и дневно се пијат по 8 филџани од чајот . Секојдневно во него по три пати се додава по една лажичка шведска горчица.

КЛИМАКТЕРУМ

За полесно да помине жената низ овој преоден период, се препорачува:

Росник - дневно се пијат три филџани топол чај.

Росопаст - четири недели се пијат 2 до 3 филџани чај на ден. Чајот мора да е многу топол и да се пие голтка по голтка. Се прави пауза од три недели, а потоа терапијата се повторува.

Имела - дневно се пијат по три филџани чај, голтка по голтка.


Имела

Чајна мешавина - се земаат исти делови на цветови од глог и липа. Дневно се пијат по 2 филџани чај од оваа мешавина против наплив на крв во главата.

ВОСПАЛЕНИЕ НА ЈАЈНИЦИ

Се мешаат 6 лажици свила од пченка со 4 лажици мечкино грозје, невен и мајчина душичка. Се зема 4 лажици од оваа мешавина и се вари 10-15 минути во ½ литар вода. Кога чајот ќе се излади, се пие по една шолја три пати дневно, пред јадење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби