Во Брисел доближени позициите меѓу Грција и кредиторите

Атина, 4 јуни 2015 (МИА) - На средбата за кризата во Грција, што синоќа се одржа во Брисел, постигнати се први доближувања на позициите, јави дописникот на МИА од Атина.

- Дискусиите ќе продолжат во следните денови. Колку повеќе разговараме, толку повеќе се доближуваме кон решение, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во раните утрински часови.

Пред тоа, тој ги испита можностите за постигнување компромис во спорот за долгот на Атина заедно со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум.

Средбата меѓу Јункер и Ципрас траела речиси пет и пол часа, а Европската комисија ги оцени разговорите како добри и конструктивни.

Без компромис за реформи во Грција, не може да биде одблокирана финансиската помош за земјата во износ од 7,2 милијарди евра.

Ципрас изјави дека кредиторите побарале да бидат укинати додатоците на пензиите и да биде зголемен ДДВ на енергијата.

- Се разбира, ние го отфрливме тоа, рече тој.

Според него, Комисијата сепак демонстрирала конструктивен однос за постигнување согласност.

- Позитивно од денешната средба е што нашите партнери во преговорите, барем Комисијата, имаат намера многу наскоро да постигнеме реален договор, истакна Ципрас.

Утре истекува рокот во кој Атина треба да му плати рата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 305 милиони евра. Вкупниот износ што Грција треба да му го плати на рати на ММФ во јуни изнесува речиси 1,6 милијарди евра. Освен тоа, до крајот на месецов Атина треба да ги подмири и државните заеми во износ од малку над пет милијарди евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Баба и дедо седат во дневна соба и гледаат телевизија кога дедото прашува:
- Бабо ма, се сеќаваш каде ги оставив наочарите?
- Не.
- Ах проклета женска заборавеност!

* * *...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
1737.- Роден е Луиџи Галвани, италијански...
1776.- Воведен е и официјалниот назив Соединети...
1828.- Во Јасна Полјана е роден Лав Николаевич...
1901.- Умре Анри де Тулуз-Лотрек, француски...