
Над средна Европа, наводно дошло до судир помеѓу воен авион и НЛО. Романскиот министер за одбрана тврди дека нивен МИГ21 доживеал судир со непознато летало, пренесува хрватскиот портал Дневник.
Официјално е соопштено дека пилотската кабина на авионот е уништена. Романското министерство за одбрана ги исклучило сите објекти со кои авионот можел да се судри. Гарантираат дека не станува збор ниту за птица, парче лед или мал метеорит.
„Можеме со сигурност да кажеме за што не станува збор, но не можеме да тврдиме за што точно се работи“, изјавил наредникот на истрагата Никол Григори.
Судирот помеѓу авионот и неидентификуваниот објект над Трансилванија траел само 67 милисекунди и бил забележан од камерата на авионот. Пилотот Мартин Митрица, кој бил полесно повреден, успеал да слета по споменатиот инцидент.