Турците и го вртат грбот на ЕУ

Анкара, 16 септември 2010 (МИА) - Турските државјани се уморни од празните ветувања за членство на Анкара во ЕУ и сметаат дека земјата треба повеќе да се сврти кон исламските земји на Исток, покажуваат резултатите од најновото годишно истражување на „Маршаловиот фонд“ и италијанската фондација „Компања ди Сан Паоло“.

Според истражувањето кое е спроведено во 11 земји на ЕУ, САД и Турција, само 38 отсто од Турците изјавиле дека членството во ЕУ е „добра работа“.

Според истата анкета која се спроведува веќе девет години, во 2004 година овој процент изнесувал дури 70 проценти од испитаниците.

Истражувањето покажува дека двојно се зголемил бројот на Турците кои сметаат дека Анкара за меѓународните прашања треба да соработува со земјите од Блискиот исток.

Само шест отсто од анкетираните граѓани сметаат дека главен партнер на Турција треба да биде САД. Интересно е дека е намалена и популарноста на американскиот претседател Барак Обама од 50 на 28 отсто.

- Во споредба со лани Турците помалку му веруваат на НАТО, помалку се заинтересирани за европските интеграции и вредности, се наведува во коментарот на истражувањето.

Турција веќе 10 години е кандидат за членство во Унијата, а пристапните преговори ги започна во 2005 година, но досега не постигнала некој видлив напредок во приближувањето кон ЕУ. На нејзиното членство отворено се спротивставуваат францускиот претседател Никола Саркози и германскиот канцелар Ангела Меркел и во замена и нудат „привилегирано партнерство“, но Анкара засега ваквиот предлог го отфрла.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Насуфи го унапредуваат во чувар на затвор.
- Г-не Насуфи, имате за задача меѓу затворениците да воспоставите ред и дисциплина!
- Нема проблем, кој нема да слуша, веднаш ќе го ...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на физичката активност
1497.- Италијанскиот морепловец Америго Веспучи...
1774.- Умре Луј IV, крал на Франција. Роден е на...
1876.- Во Врхника е роден Иван Цанкар,...