
Атина, 9 мај 2012 (МИА) - Лидерот на радикалната грчка левица СИРИЗА Алексис Ципрас објави вечерва дека се откажува од врачениот мандат за состав на грчка влада, откако не успеа да собере мнозинство за формирање на кабинет на левицата, кој се спротивставува на мерките за штедење.
- Не можеме да го оствариме сонот за левоориентирана влада. Утре ќе го вратам мандатот, доверен од претседателот и ќе продолжиме да учествуваме во предвидените уставни процедури, изјави Ципрас пред парламентарната група, откако се сретна со лидерите на сите парламентарни партии.