Тензии на Таксим, во Анкара нови судири

Истанбул, 11 јуни 2013 (МИА) – Турската полиција навлезе во реонот на плоштадот Таксим во Истанбул каде веќе две недели се одржуваат демонстрации против плановите за реконструкција на околниот парк Гези.

Неколку стотици полицајци од силите за брза реакција беа доведени на плоштадот со дваесет автобуси. Во реонот се чувствуваат тензии, јавуваат западни медиуми.

Градоначалникот на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу, меѓутоа, изјави дека целта на операцијата е да се симнат плакатите од културниот центар Ататурк и од споменикот на Ататурк на плоштадот.



Претходно, турски телевизии објавија дека полицајците опремени со заштитни панцири се подготвуваат да ги растурат барикадите на демонстрантите кои кампуваат во реонот.

– Акциите на полицијата не се насочени кон паркот Гези и Таксим, изјави градоначалникот на Истанбул додавајќи дека од утрово полицајците почнуваат да ја расчистуваат зградата на културниот центар и на споменикот од фотогарфии и плакати.

Демонстрантите зазеле позиции до барикадите и се подготвуваат за можна интервенција на полицијата.

Турската полиција употреби солзавец ноќеска во Анкара за да растера стотици демонстранти кои веќе 11 дена демонстрираат против Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Тоа беше трета ноќ на судири меѓу демонстрантите и полицијата во турскиот главен град.

Претходно, заменикот премиер Булент Аринч изјави дека Ердоган в среда ќе има средба со лидерите на демонстрациите. Ердоган се очекува в среда да има средба со претставници на Таксим солидарност, група ги претставува активистите за спас на паркот Гези во Истанбул, кој властите сакаа да го реконструираат. Тоа предизвика бран демонстрации кои прераснаа во бурни антивладини протести.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин...
1953.- Во Женева е основана Европската...
1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и...
1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот...