Демонстрантите во Истанбул одбиваат да се повлечат од паркот Гези

Истанбул, 13 јуни 2013 (МИА) - Демонстрантите кои го „окупираа“ паркот Гези на истанбулскиот плоштад Таксим, одбија да се повлчеат и покрај „последното предупредување“ на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган упатено до нив.

- Ние ќе останеме во паркот Гези заедно со нашите шатори, со нашите вреќи за спиење, со нашите песни, со нашите книги, со нашите поеми и со сите наши барања, изјави денеска адвокатот Џан Аталај, говорејќи на прес-конференција во името на движењрто „Солидарност за Таксим“, кое е главен координатор на протестите во Истанбул.

Ердоган денеска се закани дека властите ќе го расчистат истанбулскиот плоштад Таксим од, како што рече, „прекршителите на законот“.

- Плоштадот им припаѓа на луѓето од Истанбул, на луѓето од целата земја и на посетителите од странство. Затоа нема да дозволиме прекршителите на законот да се шеткаат слободно по плоштадот, изјави Ердоган во обраќање пред градоначалниците од неговата владејачка исламистичка Партија на правдата и развојот (АКП) .

Предупредувањето на Ердоган доаѓа само еден ден откако АКП предложи план за одржување референдум за проектот за реконструкција на паркот Гези, кој беше повод за старт на масовните протести во Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...