„Шигел“: Берлин смета дека Трамп би ја уништил економијата на САД

Берлин, 1 октомври 2016 (МИА) - Германското Министерство за економија верува дека доколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп биде избран за претседател на САД, ќе предизвика тешки последици по американската економија, објави весникот „Шпигел“.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во интерен меморандум на Министерството, до кој дошол „Шпигел“, стои дека доколку Трамп како претседател ги спроведе своите предизборни ветувања, може да се очекува „драматично намалување на бруто домашниот производ, помалку работни места и повисока невработеност“ во САД.

Во кампањата за изборите, што треба да се одржат на 8 ноември, Трамп најавува даночни олеснувања вредни 4,4 билиони долари, укинување на дел од регулативата и тврди позиции во преговорите на САД за трговските договори со странските партнери.

Трамп вели дека овие мерки ќе донесат економски раст од 3,5 проценти и ќе создатат 25 милиони работни места, но со тие предвидувања не се согласуваат голем дел од американските економмисти, а според тајниот меморандум, ниту германското Министерство за економија.

Според меморандумот, чии делови објавува „Шпигел“, ветувањата на Трамп се невозможни, тие би претствувале прекршување на меѓународното и американското право и не можат да бидат основа за реална економска политика.

Германското Министерство за економија одби да го коментира написот на „Шпигел“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...