Се враќа ли банкарската криза?

Кога и да западне во сериозни неволји некоја банка во Европа, кризата повторно се појавува. Дали тоа е само ширење на паника или мораме долгорочно да живееме под Дамокловиот мач?

- Банко Еспирито Санто – гласините за стечај во Португалија, Нов банкарски скандал во Бугарија; тоа се два наслови во весниците објавени минатата недела. Кога и да падне некоја банка во Европа во проблеми, кризата наводно не е далеку. Во случај на бугарската Корп Банк владата соопшти дека поради спас на банката ќе мора да направи ново задолжување и да позајми околу милијарда евра.

- Такви случаи ќе има и во иднина – верува Андреас Домбрет, член на Управниот одбор на Германската сојузна банка, кој вели: - Тоа воопшто не може да се исклучи. Напротив. Ако една земја, како што е Бугарија, инаку најсиромашна во ЕУ, прави толку големи долгови, тогаш тоа ќе влијае на целото стопанство на таа земја. Во тој случај таа членка на ЕУ мора да ги корегира своите цели за буџетски дефицит. Планирано е тоа да биде 1,8 отсто, меѓутоа сега тоа би можело да изнесува и над 3 отсто од БДП.

Вжештено расположение

- Во моменталната финансиска клима, кога во САД и ЕУ каматите се најниски во историјата, лесно може да дојде до неправилност во банкарскиот сектор – вели Домбрет.

– Мешавината на ниските камати и инфлацијата со висока ликвидност води кон тоа на финансискиот пазар повторно да се појде во лов на профит – објаснува Домбрет. Во таква вжештена состојба се зголемуваат криминалните дела како што може да се види во случајот со бугарската банка или може да дојде до закажување на менаџерите кои банката можат да ја доведат во тешка позиција.

Гласините дека една банка има проблеми може таа институција да ја доведе во незавидна позиција. Имено, многу штедачи, плашејќи се од губење на заштедите, сакаат веднаш да ги подигнат парите, што банката по правило не е во можност да го реализира, така доаѓа до инсолвентност. Економскиот експерт од Универзитетот во Келн, Томас Хартман Венделс вели дека кај банките секогаш постои опасност од зараза. – Ако една банка остане на цедило, довербата во друга банка често е разнишана, или да речеме, дека банките меѓусебно земале кредити и на тој начин дошле во тешка позиција. Тоа се ефекти на системот кои како такви во реалното стопанство не ги познаваме – вели Хартман Венделс.

Надеж во банкарската унија

Поради актуелните турбуленции бугарската влада се одлучи да се вклучи во европската банкарска унија. Министрите за финансии на еврозоната на тој начин сакаат да ги регулираат односите со паднатите банки. Во прв план сепак е прашањето за одговорноста, така штетата мора секогаш да ја платат даночните обврзници. Пред да заживее банкарската унија во 128 најголеми европски банки ќе биде проверена состојбата и спроведен т.н. стрес тест.
Дали е преценет стрес тестот?

Андреас Домбрет, член на Управниот одбор на Германската сојузна банка, вели дека ако некоја банка и го положи стрес тестот и понатаму постои можност да западне во проблеми. – И понатаму прашањето е што бараат аналитичарите – вели Домбрет и ја наведе споредбата од медицината: - Ако барате вирус, тогаш не ги барате сите вируси кои постојат. Пребарувањето се концентрира на тој вирус чие постоење е најверојатно.

Хартман Венделс исто така предупредува да не се преценува стрес тестот. Во некои случаи резултатите не дале очекувани резултати: - Учествуваат голем број на аналитичари кои ги ставаат банките под лупа и кои таму го превртуваат секој камен. На крај не можат соодветно да обработат голем број на податоци, па поради временското ограничување се враќаат на паушални претпоставки и поединечно и нецелосно ја гледаат состојбата во секоја банка.

Кој е всушност too big to fail?

Дали една банка по секоја цена мора да биде спасена? Андреас Домбрет потсетува дека менаџерите на банките се дел од нашиот пазарно-стопански систем. Во темелните принципи на пазарната економија припаѓа дека директорите на банките, ако немаат добар деловен модел, се исклучуваат од пазарот. Поради тоа тој смета дека банките можат и да пропаднат.

Меѓутоа, пред тоа мора да се дефинира која банка и под кои услови е too big to fail. Значи, што значи за системот пропаст на таа банка. Домбрет и понатаму чека на уверливо решение на тоа прашање: - Не смееме да бидеме зависни од некои големи, меѓународно вмрежени банки, кои имаат потенцијал да го уценуваат општеството бидејќи едноставно се големи.

Што ако некоја банка, која и понатаму смета дека е too big to fail, сепак оди во стечај?
Мора ли во тој случај помош да пружат даночните обврзници? Андреас Домбрет не е загрижен и укажува на редоследот на одговорностите кои се пропишани во банкарската унија. Во тој случај прв плаќа сопственикот на банката, потоа нејзините директори, додека даночните обврзници се на крајот.

Меѓутоа, нејасно е колку брзо може да дојде до тој крај. Хартман Венделс во секој случај е скептичен: Мислам дека државите никогаш нема да ја исполнат обврската ако навистина дојде до масовна криза која може да погоди повеќе банки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...