Оланд, Меркел и Ципрас телефонски разговараа за грчкиот долг

Францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа телефонски разговараа за постигнување напредок во преговорите за грчкиот долг, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извор.

Тристраниот телефонски разговор се одржа синоќа пред самитот на Г-7 во Германија.

-Тие ја разгледаа ситуацијата за да помогнат во постигнувањето напредок во преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори: Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и ЕУ, информира изворот на ЕУ.

Преговорите меѓу Атина и овие институции ќе бидат една од темите ма дневниот ред на средбата на врвот на Г-7 денеска и утре, која ќе се одржи под претседателство на Меркел. На неа ќе присуствуваат и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, како и извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард. Можно е на средбата да присуствува и претседателот на Европската централна банка Марио Драги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Баба и дедо седат во дневна соба и гледаат телевизија кога дедото прашува:
- Бабо ма, се сеќаваш каде ги оставив наочарите?
- Не.
- Ах проклета женска заборавеност!

* * *...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
1737.- Роден е Луиџи Галвани, италијански...
1776.- Воведен е и официјалниот назив Соединети...
1828.- Во Јасна Полјана е роден Лав Николаевич...
1901.- Умре Анри де Тулуз-Лотрек, француски...