Над 4.000 мигранти вчера влегле во Унгарија

Будимпешта, 19 септември 2015 (МИА) - Над 4.000 мигранти влегле во Унгарија само за еден ден вчера, соопшти владин претставник во Будимпешта, додавајќи дека оградата на хрватската граница ќе биде завршена на полноќ.

До вчера се регистрирани 3.000 мигранти, а за неколку часа нивниот број е зголемен на 4.400 до 22 часот по локално време, изјави Дорд Баконди.

Унгарскиот владин претставник нагласи дека се поставени 28 километри од оградата долж границата со Хрватска, од предвидените 41 километар, како и дека таа треба да биде завршена до полноќ благодарение на работата на 500 војници.

Според унгарските власти хрватскиот воз, кој влегол во земјата со 800 мигранти и бил пратен од 40 вооружени хрватски полицајци, претставува „досега невиден граничен инцидент“.

Хрватското министерство за внатрешни работи синоќа ги отфрли тврдењата во медиумите за времено задржување во Унгарија на хрватски полицајци, што го прателе возот со бегалци.

Весникот „Јутарњи лист“ претходно објави дека Баконди соопштил дека хрватските полицајци се разоружани, а машиновозачот бил уапсен, по што полицајците биле вратени во Хрватска.

Според хрватското Министерство за внатрешни работи во Хрватска досега влегле над 17.000 мигранти, пренесува ТАСС. Претседателката Колинда Грабар Китаровиќ по итната седница на Советот за национална безбедност изјави дека може да се очекува голем бран бегалци со следните часови, а хрватското МВР ги повика граѓаните што зборуваат источни јазици да станат доброволни преведувачи.

Синоќа словенечката полиција употреби солзавац за растурање на група од неколку стотина мигранти, кои се обиделе насилно да ја минат границата со Хрватска.

Инцидентот се случил на граничниот премин Хармица, каде мигрантите поддржани од хрватски и словенечки активисти, барале да им биде дозволен влез во Словенија. По едночасовни тензии, словенечките сили за безбедност употребиле солзавец против мигрантите кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон.

Вчера премиерот Миро Церар изјави дека Словенија може да создаде транзитни коридори за мигрантите, ако тие продолжат да пристигнуваат, со цел да им помогнат да стигнат до Западна Европа во добри услови.

Словенечките власти вчера регистрирале над 1.000 мигранти кои влегле во земјата, додека 700 остануваат на граничниот премин Обреже, на 20 километри источно од хрватскиот главен град Загреб.

Словенија, земја со население од 2 милиони луѓе, се наоѓа меѓу Хрватска, Унгарија, Италија и Австрија и се соочува со зголемен бран на бегалци кои се на пат кон Западна Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...