Вкупно 21 лице уапсено во антитерористичка операција на белгиската полиција

Брисел, 23 ноември 2015 (МИА) - Канцеларијата на федералниот обвинител на Белгија, денеска објави дека уште пет лица се уапсени во Белгија, со што бројот на уапсени лица се зголеми на 21, откако во синоќешната рација во центарот на Брисел беа уапсени 16 лица осомничени за поврзаност со лица што сака(ат) да изврат терористички акт.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, денешните пребарувањата беа спроведени во регионот Брисел и регионот Лиеж, односно пет пребарувања се извршани во регионот на главниот белгиски град, а две во Лиеж, при што пет лица се лишени од слобода во текот на овие пребарувања.

Овие нови информации се однесуваат на вкупно 21 лице уапсени од почетокот на големите полициски операции што од синоќа се спроведуваат ширум Белгија, при кои освен уапсените, запленета е и сума од 26.000 евра во кеш, но не и оружје и експлозивни направи. Нивото на безбедност останува на четврти степен, што значи дека опасноста од терористички акт е “веројатна и неизбежна” за Брисел, додека во останатиот дел од Кралството Белгија важи трет степен на безбедност.

Колку за потсетување, 19 рации веќе се направени од синоќа во бриселските општини Моленбек-Сен Жан, Скарбек, Волуве-Сен-Ламбер, Јете, Форест и во самиот центар на Брисел. Исто така, направени се и три пребарувања во градот Шарлероа, поточно во ренот Дампреми. Главниот осомничен, Салах Абдеслам, кој учествувал во терористичките напади на 13 септември во Париз, се уште е во бегство и за него постојано излегуваат шпекулации дека се наоѓа во еден или друг белгиски град, иако полицијата и обвинителството не потврдуваат дали му се зад петите.

А, спротивно на одредени информации што утринава циркулираа во врска со сомнително возило марка “БМВ 5” забележано во регионот Лиеж и контролирано од страна на полицијата, истрагата покажала дека нема истото нема ништо поврзано со тековната антитерористичка операција.

Попладнево, Советот за безбедност на Белгија ќе заседава да одлучи дали да се задржи или намали четвртиот степен на безбедност во Брисел, поради што денеска повторно не циркулираше метрото во главнито град на Белгија, а и училиштата и факултетите останаа затворени. Ваквата состојба целосно го парализираше Брисел, па обвинителството и полицијата побараа од работодавачите да бидат коректни кон своите вработени што не можат да дојдат на работното место, дали поради оневозможеност во движењето (затворнео метро и редуцирани трамвајски линии), така и поради децата што не заминале на училиште.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...