Русија и Турција ги сметаат преговорите за единствен начин да се реши кризата во Сирија

Москва, 8 април 2017 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Русија и Турција, Сергеј Лавров и Мевлут Чавушоглу сметаат дека преговарачкиот процес е безалтернативен пат за решавање на ситуацијата во Сирија, соопшти руското МНР по телефонскиот разговор меѓу двајцата министри, јави ТАСС.

- Од двете страни беше истакнато дека продолжувањето на меѓусирискиот преговарачки процес нема алтернатива и е единствениот пат за постигнување мир во Сирија, се вели во соопштението на руското Министерство.

Во разговорот Сергеј Лавров истакнал дека нападот на САД на сирискиот аеродром во близина на Хомс ги поткопува напорите на Москва и Анкара за решавање на сириската криза.

- Сергеј Лавров истакна дека ваква манифестација на агресија е недозволива и може уште повеќе да ја компликува и онака веќе напнатата ситуација и воедно ги поткопува преземените од Русија и Турција напори за мирно решавање на сириската криза.

Тие ја потенцираа важноста на една објективна, непристрасна истрага на сите околности на трагичните настани во Кан Шејхун, како и на претходните случаи на употреба на хемиско оружје од страна на борци од терористички организации, соопшти руското МО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во секс-шоп влегува бела жена и прашува:
- Колку ви е белиот вибратор?
- 40 марки.
- А црниот?
- И тој е 40 марки.
- Дајте ми го црниот, не сум имала таков до сега.
Излегува...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1514.- Во Унгарија почна селанската буна под...
1905.- Со ираде-указ на турскиот султан Абдул...
1906.- Во Осло умре Хенрик Ибзен, норвешки...
1962.- Властите во Израел соопштија дека е...