Лондон идентификува и трет руски агент осомничен за труењето на Скрипал

Британските разузнавачки служби идентификувале уште еден, трет руски агент, кој е обвинет за вмешаност во труењето на пребеганиот разузнувач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.



Според весникот „Дејли Телеграф“, третиот агент бил пратен да го разгледа градот Солсбери, каде што живееше Скрипал и тој бил претходница на двајцата агенти што допатувале во март и го извршиле труењето.

Британското разузнавање се уште работи на откривање на точниот идентитет на овој човек.

Велика Британија веќе ги објави имињата на двајцата наводни извршители на нападот, а вчера беше објавено и дека едниот од нив, според британските сознанија, е Анатолиј Чепига, полковник во руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Двајцата осомничени Руси во изјава за руска телевизија рекоа дека престојувале во Солсбери како туристи.

Сергеј и Јулија Скрипал беа тешко затруени од дејството на нервниот отров новичок, кој беше употребен против нив. Тие го преживеаја труењето, но една жена од Солсбери подоцна почина откако дошла во контакт со шише кое го содржело отровот, а еден маж беше затруен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...