Во Брисел од денеска забранети возилата што најмногу загадуваат

На дизел возилата од стандардот Еуро 2 и на возилата на бензин Еуро 0 и Еуро 1 од денеска им е забрането движење низ Брисел и целиот бриселски регион, а казните за непочитување на оваа забрана изнесуваат 350 евра.



Како што јави дописничката на МИА од Брисел, оваа одлука е дел од прогресивните мерки на забрана на движење за возилата што најмногу загадуваат. Со овие мерки се предвидува до 2025 година да бидат забранети сите дизел возила, освен оние со Еуро 6 стандардот, како и возилата на бензин од стандардите Еуро 3 до Еуро 6. Според стратегијата на владата, до 2030 година треба целосно да бидат забранети сите дизел возила.

Забраната важи и за возилата со странски регистарски таблички, кои имаат обврска да се најават на интернет или да побараат изземање од забраната, бидејќи во спротивно ќе се соочат со казна од најмалку 150 евра. Роковите за процесирање на барањата за изземање можат да бидат многу долги и да траат повеќе од два месеца, предупредуваат бриселските власти.

Брисел со овие постепени забрани се надева дека ќе успее да го намали загадувањето на воздухот, за кое возилата носат голема одговорност.

Трендот на ограничување или забрана на возилата што најмногу загадуваат зема замав во речиси сите големи европски градови. Париз, на пример, планира да го забрани целосно дизелот до 2024 година, а слични планови се спроведуваат во Рим, Атина и други метрополи.

Според невладините организации за заштита на животната средина, како Гринпис, ефектот на овие забрани ќе се рефлектира и на бензинот.

– Потребно е да се креираат алтернативи за чистење на центрите на градовите од загадувањето. Луѓето сѐ повеќе живеат во градовите и страдаат од аерозагадувањето. Затоа итно се потребни забрани на дизелот и на бензинот и воведување на алтернативни решенија, изјави претставник на Гринпис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...