Могерини: Слободата на медиумите е столб на демократијата

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, кој се одбележува денеска, високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини истакна дека „слободниот печат не е само весник за сигурни и точни информации, туку е и столб на демократијата“.



– Слободни, разновидни и независни медиуми се основа на плуралистичко и отворено општество. Истражувачкото новинарство има улога на неопходно надзорно тело кое и помага на јавноста за одговорно држење на власта и институциите на сите нивоа. Сепак, се почесто сме сведоци на обиди за ограничување на местото за слободни медиуми, додека нивниот кредибилитет постојано се доведува во прашање и многу новинари го дадоа својот живот и ризикуваат поради откривање непријатни вистини, се наведува во соопштението на Европскиот совет.

Могерини напоменува дека светот на денешниот ден ќе се потсети на сите предизвици со кои медиумите се соочуваат во период на дезинформации, како и на потенцијалната улога на медиумите за да ја поддржат демократијата, мирот и помирувањето.

– Дезинформациите имаат голем потенцијал негативно да влијаат врз демократските процеси и јавните дебати низ целиот свет, а Европската унија не е изземена од тоа, порача вчера Могерини.

Според неа, токму поради тоа е покренат Акциски план на ЕУ против дезинформации, чија цел е зајакнување на општеството во борбата против дезинформациите.

Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува од 1991 година секој 3 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...