ЕУ: Нема основи за нови преговори за Брегзит

Европската унија соопшти дека нема основи за продолжување на преговорите за Брегзит, додека Велика Британија и натаму инсистира на промена на спогодбата што ја постигна поранешната британска премиерка Тереза Меј, јавуваат британските медиуми.



Преговарачите од ЕУ на европските дипломати им кажаа дека измените што ги предлага новата британска Влада, како што е отстранувањето на бекстопот со Ирска, се неприфатливи, пренесува Би-Би-Си.

Од друга страна, Даунинг стрит ги отфрла тврдењата дека сакал разговорите да пропаднат за да им се овозможи повлекување на Брегзит без договор.

Портпаролот на британската Влада изјави дека се надеваат дека ЕУ повторно ќе го разгледа прифаќањето на измените од договорот.

ЕУ, како што кажа, мора да го смени својот став, бидејќи спогодбата на Тереза Меј нема да биде прифатена во британскиот Парламент во таа форма.

-Ќе се фрлиме на разговори со најголема енергија и во духот на пријателство и се надеваме дека ЕУ ќе го преиспита своето моментално одбивање да изврши било какви измени во договорот за повлекување, изјави портпаролот.

Договорот што Меј го постигна со ЕУ три пати беше одбиван во британскиот Парламент.

Новиот британски премиер Борис Џонсон вети дека „ќе го стори тоа или ќе умре“, односно ќе ја извади Велика Британија од ЕУ до 31 октомври, со или без договор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...