Поранешен вработен во Гугл тврди дека компанијата работи Трамп да не биде реизбран

Поранешен вработен во Гугл тврди дека компанијата работи на тоа американскиот претседател Доналд Трамп да не биде реизбран, со тоа што ќе влијае врз претседателските избори идната година.



Во изјава за телевизијата „Фокс“, Кевин Серники, поранешен инженер во технолошкиот гигант, изјави дека компанијата ќе употреби методи на цензура како на политичка реклама и филтрирање пребарувачки резултати за да промовира либерална политичка агенда.

-Кога претседателот Доналд Трамп победи во 2016 година првите луѓе на Гугл се појавија на сцената и плачеа, буквално целите беа во солзи. Тие ветија дека тоа нема никогаш повеќе да се случи и дека ќе ги искористат сите сила и ресурси за контрола на информацијата за тој да не биде реизбран во 2020 година, изјави Серники.

Според него, Гугл поседува податоци за секој гласач во САД и компанијата може да изгради „психолошки портрети“, во обид да ги натера гласачите да гласаат поинаку.

-Раководството е пристрасно. Постои пристрасност на секое ниво во компанијата и тие не поднесуваат различно мислење, укажа тој и потврди дека бил отпуштен откако во кадровскиот оддел се пожалил дека бил жртва на мобинг поради своите конзервативни ставови.

Серники себе си се смета за свиркач и укажа дека официјалната причина зошто го отпуштиле од работа во Гугл е злоупотреба на компаниски хардвер и софтвер систем за далечински пристап.

„Си-Ен-Би-Си“ соопшти дека Серники бил обвинет од поранешен колега дека во компанијата ширел екстремно десничарски ставови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...